Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Пијан возач превезувал товар на автопатот Велес–Скопје, заврши во полиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library594p0p2b2c0t6khcpQv

Професионален возач од Прилеп е лишен од слобода откако бил затекнат како управува товарно возило под дејство на алкохол и врши вонгабаритен превоз без потребното одобрение на автопатот Велес–Скопје.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска околу 8:40 часот полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот го запреле товарното возило „Волво“ со прилепски регистарски ознаки. При контролата било утврдено дека возачот К.З. (62) од Прилеп превезувал работна машина – дигалка, широка 275 сантиметри, без одобрение за вонреден превоз.

— реклама —

Со извршениот алкотест било утврдено и присуство на 1,81 промили алкохол во организмот.

— реклама —

Против возачот ќе биде поднесена кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило, согласно член 297-а од Кривичниот законик, како и прекршочни санкции за вршење вонгабаритен превоз без одобрение. Ќе биде поведена и прекршочна постапка против правното лице и одговорното лице во него.

— реклама —

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период низ целата држава, со цел санкционирање на прекршителите и зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb84o1iapvvk51d1I1Yi

Напади врз сопруги, деца и членови на семејството: Десет пријави за семејно насилство

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryp3s5jsmgm8jg0VTruJD

Лажни пораки во име на „Безбеден град“ за казни, МВР открива како да ги препознаете

Македонија | пред 16 часа

media-librarytgu6ftghk9oa3gosXEJ

Народната банка спровела четири нивоа на проверки пред давањето согласност за преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка од Србија, тврди Славески

Македонија | пред 17 часа

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Шест возачи приведени за безобѕирно управување со возило, четворица немале возачка дозвола

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања