Пијани возачи во Молдавија под казна работат во мртовечница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
policija-5

Во Молдавија имаат голем проблем со возачите кои возат под дејство на алкохол. Тие решија на најрадикален начин да стават крај на овој проблем.

— реклама —

Надлежните им нудат излез на возачите на кои им е одземена дозволата за возење под дејство на алкохол - можат да си ја вратат дозволата доколку платат околу 200 евра (просечната плата во Молдавија е околу 270 евра) и со тоа „да купат билет“ на посебна корективна програма.

— реклама —

Имено, тие во болниците треба да им помагаат на жртвите од сообраќајни незгоди, а кога не им треба помош - што е често - ги пренесуваат на друго одделение. Потоа треба да помогнат во мртовечницата, извршувајќи ја целата работа што вообичаено се работи таму (помагање во обдукција, транспортирање трупови...).

— реклама —

Програмата започна во главниот град Кишињев во 2019 година со шест возачи кои беа казнети поради возење под дејство на алкохол. Еден дал отказ неколку минути откако почнал со работа во мртовечница, а друг изјавил:

„Ова е најтешката лекција во мојот живот. Завршив со алкохолот, никогаш повеќе нема да пијам, ниту капка. Не сакам да се вратам овде“.

И тоа не е се - кога ќе ја завршат програмата, овие несреќници треба повторно да полагаат возачки испит.

Во Молдавија објавија дека оваа програма има одлични резултати. Од 2019 година досега го поминале дури 600 возачи, а потоа забележале само едно „повторување“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryadhbgm8ncfakbh5DefH

Молдавија погодена од масовни прекини на струја поради проблеми во украинската мрежа

Свет | пред 3 дена

media-librarylfcg11in95fbdxp6Wan

Молдавија ветува членство во ЕУ по победата на проевропската партија на Маја Санду

Свет | пред 4 месеци

izbori

Клучни избори во Молдавија – Европа или Москва?

Свет | пред 4 месеци

orban-2

Прв пат во историјата? „Активирајте ја нуклеарната опција против Унгарија!“

Свет | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања