Промени тема
Контакт

Пијанистката Горјана Стојановска вечерва со концерт на „Охридско лето“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Охрид
media-libraryqg63lur28evfcEdXbsB

Репертоарот на класична музика на 66. „Охридско лето“ продолжува вечерва со настап на македонската пијанистка Горјана Стојановска. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

— реклама —

Горјана Стојановска е родена во Битола, каде го започнува своето музичко образование во Државното музичко училиште, во класата на проф. д-р Татјана Божиновска. Дипломира и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф.   д-р Марија Ѓошевска, по претходни студии кај проф. Борис Романов. Своето усовршување го продолжува на Academia Talent Music Master во Бреша, Италија, во класата на проф. м-р Рубен Далибалтајан.

— реклама —
— реклама —

Добитник е на повеќе награди на државни и на меѓународни натпревари и има настапувано на солистички и камерни рецитали во земјата и во странство. Настапувала како солист со Македонската филхармонија, а во 2024 година настапува во Виена со Камерниот оркестар на Националната опера и балет. Редовно учествува на фестивали во Македонија. Од 2021 година работи како наставник по пијано во Државното музичко училиште во Битола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryv3ugrg05ue6ifr6GRqp

„Охридско лето“ - 40 дена фестивалска магија, рекордна посетеност и аплаузи за врвната уметност

Охрид | пред 1 месец

— реклама —
media-library2mm50130lomn2glGQOW

„Охридско лето“ со рекордни бројки: Вечерва се спушта завесата на 66. издание

Охрид | пред 1 месец

media-libraryhuapsqe2cojv6WST7Ab

Полска вечер на „Охридско лето“:Уникатно музичко доживување за публиката

Охрид | пред 1 месец

media-library00djv1ijqgso6cPUEtk

Унгарска вечер на „Охридско лето“  со младите и талентирани уметници Ноеми Салаи и Александра Балог

Охрид | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања