Промени тема
Контакт

Пијанистката Пегораро прозвучи со совршена убавина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Охрид
media-librarybfqu557bifth8wBrSG3

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Вечер што долго ќе се памети  остави зад себе харизматичната и виртуозна италијанска пијанистка Кристиана Пегорано  која синоќа настапи на фестивалската програма на 66. „Охридско лето“.  Концертот се одржа  во рамки на Италијанската вечер, поддржана од Амбасадата на Италија во РС Македонија.

Отворајќи ја вечерта, италијанскиот амбасадор, Паоло Палминтери,  истакна дека „Охридско лето“ од година во година достигнува сè повисоко ниво.

— реклама —

-Имајќи предвид  дека  „Охридско лето“ е еден од најзначајните културни фестивали во Европа, оваа година имавме чест да ја донесеме извонредната италијанска пијанистка Кристиана Пегораро која настапувала  на многу слични меѓународни сцени,  а имала чест да свири и пред претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела. Програмата што ја изведува вечерва е во согласност со инспиративната тема што ги поврзува сите културни настани организирани од страна на Амбасадата во текот на 2026 година- Љубовта во сите нејзини облици, рече италијанскиот амбасадор Палминтери, упатувајќи голема благодарност до претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова која е покровител на „Охридско лето“ за нејзиното присуство на Италијанската вечер, до директорот на фестивалот, Ѓорѓи Цуцковски, како и до Италијанскиот институт во Белград  за поддршката на оваа традиционална вечер.

media-librarymq18je9toh2vb1oDYnW

Пијанистката Кристиана Пегораро која „Њујорк тајмс“ ја опишува како „уметница од најголем калибар“ , вечерта ја започна со „Largo al Factotum“  од операта „Севилскиот бербер“ на италијанскиот композитор Џоакино Росини, но во нејзин аранжман како што беа  впрочем и повеќето дела што ги долови на концертот.  Потоа следуваа композиции  од Бах, Шуберт, Бетовен, Вивалди, Моцарт, Вебер, па извонредната интерпретација на сплет  од наполитански песни, а крајот на вечерта беше во знакот на композиции создадени од  самата пијанистка.

— реклама —
media-libraryob64unmhr3dd5XQEDPi

-Програмата со која настапувам е наречена „Радоста на музиката“. Музиката е универзален јазик кој води директно до срцата на луѓето, рече пијанистката Пегораро, којашто навистина внесе радост кај публиката со своето маестрално музицирање на фестивалското пијано, при тоа, внимателно воведувајќи ги слушателите во делата што ги свири.

— реклама —

Добитничката на повеќе од 50 меѓународни награди и признанија  за својата пијанистичка дејност,  најстапува во најпрестижните концертни сали во Европа, САД, Јужна Америка, на Блискиот Исток, во Азија и во Австралија.

media-librarysglbth2pa62i11dL54l

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryv3ugrg05ue6ifr6GRqp

„Охридско лето“ - 40 дена фестивалска магија, рекордна посетеност и аплаузи за врвната уметност

Охрид | пред 1 месец

— реклама —
media-library2mm50130lomn2glGQOW

„Охридско лето“ со рекордни бројки: Вечерва се спушта завесата на 66. издание

Охрид | пред 1 месец

media-libraryhuapsqe2cojv6WST7Ab

Полска вечер на „Охридско лето“:Уникатно музичко доживување за публиката

Охрид | пред 1 месец

media-library00djv1ijqgso6cPUEtk

Унгарска вечер на „Охридско лето“  со младите и талентирани уметници Ноеми Салаи и Александра Балог

Охрид | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања