Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Пиштол и 23 пакувања кокаин пронајдени во куќа во Голема Речица, приведен 57-годишник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
media-libraryvvuh4lgiuli7fqrfmQV

Пиштол и поголемо количество кокаин биле пронајдени при полициски претрес во дом и помошни простории во Голема Речица, а 57-годишен маж бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово.

— реклама —

Според информациите од МВР, на 16 октомври, во периодот од 15 до 16:30 часот, полициските службеници извршиле претрес кај А.А. (57), врз основа на судска наредба, поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

— реклама —

При претресот, во соба во подрумската просторија, под кревет бил пронајден пиштол од марката „Екол дуал“ со една празна рамка. Во помошна просторија во куќата, во навлака од перница, биле пронајдени 22 мали најлонски кесички со кокаин и една поголема најлонска кеса со истата дрога.

— реклама —

Од МВР информираат дека за време на претресот лицето упатувало закани кон полициските службеници, по што било лишено од слобода и задржано во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка.

— реклама —

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryi6biak62q58u266VqoE

Приведен 31-годишен Охриѓанец по пријава за физички напад врз девојката

Македонија | пред 52 минути

— реклама —
media-library9uakem203nc88ewqwYz

Жена од Скопје пријавила дека била нападната од две сосетки на Бит-пазар

Скопје | пред 1 час

media-libraryu3t6m8j4fjacfNjc8XP

Кривична за Кочанец: Тропал на нејзината врата и ѝ испраќал заканувачки пораки по расправија за сообраќаен прекршок

Македонија | пред 1 час

media-libraryir3376islrh77wbHiEE

Возеле без положен испит, пијани или со забрана – 11 лица уапсени

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања