Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Писмен став на коалицијата ВЛЕН за рокот од шест месеци за уставните измени како чекор кон продолжување на патот кон ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-08-12-at-15.09.15

Со оглед на шпекулациите и различните толкувања околу нашата позиција за рокот од шест месеци, коалицијата ВЛЕН го соопштува следното:

„Новата Влада, во која коалицијата ВЛЕН е одговорен и активен партнер, е цврсто посветена на ЕУ агендата. Активно работи на достоинствено исполнување на условите за динамизирање на процесот кои водат кон полноправно членство во Европската Унија.

— реклама —

Ние, министрите од ВЛЕН, отсекогаш сме демонстрирале највисока посветеност кон европските интеграции – не само со зборови, туку и со дела. Рокот од шест месеци не е само временска рамка, туку обврска која ја разбираме и почитуваме.

Сепак, мора да постои политичка логика и реалност. Дали има 2/3 мнозинство во Собранието без пратениците на ВМРО-ДПМНЕ? Не, нема. И тука лежи суштината: процесот на интеграција бара соработка, зрелост и одговорност од сите политички субјекти. ВЛЕН не ги заборава обврските, но и потсетуваме дека решението не може да биде еднострано.

— реклама —

Владата има јасен план, стратегија и акциски чекори кои се преземаат секојдневно. Нашата поддршка, не само сега, туку и во минатото, спасуваше клучни процеси. Со еден таков чекор обезбедивме старт на преговорите со ЕУ.

— реклама —

Апелираме до сите општествени чинители, вклучувајќи ги политичките партии, да престанат со ситни политички манипулации на сметка на ЕУ интеграциите. Европската иднина е над политиката на дневни калкулации“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1t2tav14gou61RFfcQU

ВЛЕН: Овие не се гласот на студентите, туку гласот на ДУИ

Македонија | пред 2 месеци

media-library1t2tav14gou61RFfcQU

Алтернатива се приклучи кон ВЛЕН: Процесот на обединување не запира

Македонија | пред 4 месеци

media-librarynb0ahvld7i3t4DeLCVW

Фотографијата од Тирана отвори нови тензии во ВЛЕН: Лимани објаснува, Касами најавува преиспитување

Македонија | пред 4 месеци

media-library41br1gou1qek5Gy9cIO

ВЛЕН бара објаснување од министерот Лимани за фотографијата со Али Ахмети и Арбен Таравари

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања