Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

По 2.500 евра награда за полицајците кои беа на првата линија на протестите во Тирана, најави Рама

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Балкан
media-libraryjnt2jh6ag8hg8MEtOZm

Албанскиот премиер Еди Рама најави еднократна парична награда од по 2.500 евра за полицајците кои беа распоредени во првите редови за време на протестите во Тирана.

— реклама —

Одлуката била соопштена на средба со полициските раководители на 19 октомври, на која присуствувал и министерот за внатрешни работи Ервин Демо, објави „Еуроњуз Албанија“. Рама посочил дека средствата ќе бидат достапни веднаш и дека сите полицајци опфатени со мерката ќе добијат ист износ, без оглед на редовната плата.

— реклама —

Како причини за наградата ги навел притисокот со кој се соочуваат полициските службеници и дополнителните трошоци во актуелниот период.

— реклама —

Покрај еднократната исплата, Рама најавил и значително зголемување на платите во полицијата од 1 јануари. За оваа мерка се разговарало во рамките на подготовките за новиот државен буџет, но засега не е соопштен процентот на покачувањето.

— реклама —

Албанскиот премиер ги осудил и нападите врз полицајците, изразувајќи поддршка за нив и за нивните семејства. Најавите доаѓаат по протестите што се одржаа претходната вечер во Тирана.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3k0j2iurvs8u0XZFYno

„Рама во затвор, Бериша во затвор“: Студентите во Тирана формираа жив ѕид за да ги спречат опозициските приврзаници да им се приклучат на протестот

Балкан | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryedf8sm3k8l7t4YrhQYO

(Видео) Рама повторно ги повика студентите на дијалог, постави камена маса пред кабинетот

Настани | пред 1 седмица

media-libraryrc31gtj3gqdn755Wzub

Студентите во Албанија 22 дена протестираат и бараат оставка од Рама и владата

Балкан | пред 1 седмица

media-libraryrc31gtj3gqdn755Wzub

(Видео) Нови судири во Тирана: Демонстрантите палат канти и фрлаат камења кон полицијата

Настани | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања