Промени тема
Контакт

По години чекање, се активира мостот „Генерал Михајло Апостолски“ – нова врска меѓу Аеродром и Гази Баба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
media-library5uu172pnno3g5cmAUFI

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Градоначалникот на Скопје преку социјалните мрежи информираше дека мостот кој ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба, „Генерал Михајло Апостолски“ се става во функција.

„Она што со години беше симбол на застој, неодговорност и нерешени проблеми, конечно добива решение.

Мостот што народот со право го нарекуваше „мост кој не води никаде“ или „мост за ловење риба“, повеќе нема да биде потсетник на нечија неработа, туку ќе стане вистинска сообраќајна врска во служба на граѓаните.

Мостот „Генерал Михајло Апостолски“, кој ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба, конечно ќе биде ставен во функција.

— реклама —

По неколку години хаос, одолговлекување и немање волја да се олесни секојдневието на скопјани, денес со гордост можам да кажам дека овој горлив проблем го решаваме.

Завршени се експропријациите, кои беа најголемата пречка и со години го кочеа пуштањето на мостот во употреба.

Сега следува воспоставување целосен и функционален сообраќаен проток, по наредните 60 дена од започнувањето на подготвителните активности, средувањето на потребната документација и процесот на преселување на луѓето кои живеат во објектите на трасата.

Тука, искрено и од срце, сакам да им се заблагодарам на овие домаќини, културни и чесни луѓе, со кои пуштивме рака за овој проблем да стане решение. Благодарам за домаќинскиот пристап, за разбирањето и за кафето што го испивме заедно.

— реклама —

Да се заблагодарам на моите колеги Бобан Стефковски и Дејан Митески за посветеноста и поддршката.

Во мене тие немаат само градоначалник, туку човек кој ќе биде тука за нив, исто како што тие, со својата одлука и разбирање, денес се тука за стотици илјади граѓани на Скопје.

Ветив дека овој мост ќе биде решен во рок од четири години.

Но, со работа, посветеност и силна волја, го решаваме за само шест месеци од мојот мандат!

И не е само овој мост.

— реклама —

За шест месеци ги откочивме и „Момин Поток“, булеварот „Борис Трајковски“, мостот на „Љубљанска“ и булевар „Македонија“ - проекти кои со години изгледаа невозможни, а денес стануваат реалност.

Тоа е разликата кога има волја.

Тоа е разликата кога се работи.

Тоа е разликата кога зборот даден пред народот станува обврска, а не празно ветување.

Ова е резултат на силна, макотрпна и секојдневна работа.

Но најмногу од сѐ, ова е резултат на волјата што ја добивам од вас, мојот народ.

Кога се сака, почитувани, сѐ се може.

Продолжуваме силно напред, за Скопје какво што го сакаме и какво што го заслужуваме“, вели Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

skopski-aerodrom-skopje-patnici

Скопскиот аеродром меѓу европските рекордери: Патничкиот сообраќај пораснал за 34,8 отсто

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
bez-voda

Аеродром денеска без вода поради водоводен приклучок

Скопје | пред 2 седмици

media-librarygicq96btf4q7ewH4huK

Нова парковска површина од 3.000 квадратни метри се уредува кај „Џевахир“

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryt0k5ebtap13d9sVPhOE

415 нови паркинг-места во Мичурин и Стар Аеродром: се подготвува нов сообраќаен режим

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања