Промени тема
Контакт

По голема потрага, пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
sar-planina

Пронајдена е 37-годишната државјанка на Република Бугарија, која синоќа беше пријавена за исчезната на Шар Планина.

— реклама —

Според информацијата од Центарот за управување со кризи (ЦУК), жената била дел од група од четири странски државјани кои се упатиле кон Титов Врв. Тројцата членови на групата се вратиле во вечерните часови, но констатирале дека 37-годишната жена не се вратила со нив и немале информации каде се наоѓа.

— реклама —

По пријавувањето веднаш била започната потрага, која ја координирал ЦУК со надлежните институции и екипите на терен.

— реклама —

Во акцијата биле вклучени припадници на Специјалните единици од Скопје, Полициската станица Попова Шапка, ЈУНП „Шар Планина“ и ДЗС – ПО Тетово. Во потрагата биле употребени и два дрона со термални камери, полициски хеликоптер „Бел 212“ и спасувачки тим од САЕ „Тигар“.

Денеска во 14:50 часот жената била пронајдена во село Горна Лешница, во добра здравствена состојба, информира ЦУК.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycejccub90ba89a6TrwR

Поставени физички препреки на Шар Планина за спречување на движењето на моторни возила надвор од дозволените патишта

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryvab2c79td4789AKDEaX

(Фото) Со тешки ранци и без логистика: Емилија и Благица освоија 35 врва на Шара за четири дена за 35 години независна Македонија

Македонија | пред 1 месец

sar-planina-2

Продолжена забраната за движење на Шар Планина поради опасност од пожари: Ќе трае до 30 септември

Македонија | пред 1 месец

media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

(Фото) Сред лето падна снег на Шар Планина

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања