Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„По Гостивар и над 50 места низ цела Македонија, четири реки, сега и лоша вода во Кривогаштани“, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarypeu1u1rdt5f5cn71SaP

СДСМ преку соопштение обвини дека проблемот со безбедноста на водата за пиење во Македонија добива пошироки размери, откако, според партијата, во јавна чешма во Кривогаштани биле утврдени бактерии кои ја прават водата небезбедна за пиење.

— реклама —

Од СДСМ посочуваат дека во водата од јавната чешма со кисела вода во Кривогаштани биле утврдени Escherichia coli, интестинални ентерококи, Pseudomonas aeruginosa, како и зголемен број колиформни бактерии.

Партијата тврди дека ова е уште еден случај по проблемите со водата во Гостивар и Демир Капија, како и по предупредувањата за состојбата со водоснабдувањето во повеќе места низ земјава.

— реклама —

„Македонија без безбедна вода“, наведуваат од СДСМ, обвинувајќи ја Владата за системски пропусти и недоволна информираност на јавноста.

— реклама —

Од опозициската партија повторно го отвораат и прашањето за состојбата со водата во Гостивар. Според нив, сè уште нема официјален документ со кој, како што велат, се потврдува исправноста на водата и целосна анализа, ниту одговор кој е одговорен за состојбата.

СДСМ бара и одговор од надлежните институции за тоа кој дозволил граѓаните во Гостивар да користат неисправна вода и зошто сè уште нема целосна одговорност за случајот.

— реклама —

Од партијата оценуваат дека случаите во Гостивар, Демир Капија и Кривогаштани покажуваат дека проблемот не треба да се третира како изолиран, туку како прашање што бара сериозна институционална реакција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8kqrs88r772q9V7xswt

СДСМ: Ширење паника или паника кај Мицкоски

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Два сценарија на Мицкоски за Алта банка - ниту едно не држи“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarygchjosgjcllv05cRcCx

ВМРО-ДПМНЕ го нападна Жерновски, СДСМ возврати со обвинувања кон Мицкоски

Македонија | пред 2 дена

media-libraryjuvo7946t52m26Y687J

(Видео) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања