Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

По кршењето на канделабрата: Општина Карпош бара поголема одговорност од родителите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarytsft0lck08b43K3YVMt

Општина Карпош изрази сериозна загриженост поради зачестените случаи на вандализам и уништување на урбаната опрема и детските игралишта на нејзината територија, апелирајќи до граѓаните и родителите за поголема одговорност и грижа за јавниот простор.

Според општината, во изминатиот период биле евидентирани бројни оштетувања на клупи, корпи за отпадоци, држачи за велосипеди, детски и спортски реквизити, како и на друга урбана опрема.

— реклама —

„Последниот случај на кршење на канделабра, на највандалски начин, од страна на малолетни деца, дополнително ја отвора потребата од поголема грижа, одговорност и превенција. Покрај нанесената материјална штета, станува збор и за сериозно загрозување на безбедноста на граѓаните во јавниот простор“, соопштија од Општина Карпош.

Оттаму информираат дека сите досега евидентирани случаи биле пријавени во Полициската станица Карпош, од каде што добиле уверување дека ќе има засилено полициско присуство на терен и активности за расчистување на инцидентите.

— реклама —

Општината упати апел до граѓаните совесно да се однесуваат кон јавниот имот и навремено да ги пријавуваат сите случаи на вандализам до надлежните служби.

— реклама —

Воедно, се повикуваат и родителите да покажат поголема информираност за движењето и однесувањето на своите деца, како и преку разговор да им укажат на значењето од зачувувањето на јавниот простор и последиците од несоодветното однесување.

„Да го чуваме заедничкиот простор, затоа што јавниот имот е одговорност на сите нас“, порачуваат од Општина Карпош.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9tg331hvlm0a5u84cIU

Сите основни училишта во Карпош добиваат текбол маси

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
cf37299692163a2754fab2808b5c6850_w790

„Дали треба да чекаме да се случи несреќа?“: Жителка на Карпош алармира за малолетници кои палат петарди

Скопје | пред 1 седмица

media-librarya39mmgetbsbb3sOFTgD

Жители на Карпош самоиницијативно сееа детелина на место каде имаше паднато дрво од невремето

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryg40gkrkagj6qbH3etti

Базенот во Карпош предаден на Националната пливачка федерација

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања