Промени тема
Контакт

По пет години судска битка, Митева ослободена од тужбата за клевета на поранешен пратеник на СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
28112024_Miteva

Апелациониот суд во Скопје ја уважи жалбата и ја поништи пресудата со која портпаролката на Владата, Марија Митева, беше осудена по тужба за навреда и клевета поднесена од Дарко Каевски, тогашен пратеник од редовите на СДСМ. Со ова завршува судски процес што траеше цели пет години.

— реклама —

Митева во јавна изјава оцени дека иако за многумина овој случај можеби е заборавен, за неа тој претставува важно прашање за правдата и слободата на говор. Таа посочи дека во периодот кога СДСМ декларативно се повикувале на слободата на изразување, во пракса, како што рече, се обидувале да ја ограничат преку правни конструкции и тужби.

— реклама —

„Наместо аргументи – конструкции, наместо одговори – тужби. Наместо отчетност – обид за замолчување“, наведе Митева, додавајќи дека ваквиот пристап, според неа, не е напуштен ни денес.

— реклама —

Таа истакна дека во периодот кога била во опозиција, секогаш била свесна што зборува, зошто го зборува и со која цел, нагласувајќи дека јавниот говор го темелела на факти и внимателно одмерени аргументи. Според неа, одлуката на Апелациониот суд е потсетник дека правдата во Македонија често доаѓа бавно, но дека нејзината суштина е во тоа правото да не се користи како средство за притисок, туку како заштита на основните слободи.

— реклама —

„Борбата за слободен и одговорен јавен говор не смее да престане“, порача Митева.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu7bjgl37oav65haRigU

Османи тврди дека се комуницира за предвремени избори со ВМРО-ДПМНЕ, Митева: „Шири невистини“

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-librarytiied14vj2kqbUB88ml

Промени во ВМРО-ДПМНЕ: Марија Митева избрана за претседателка на Унијата на жени, Тодор Коневски на УМС

Македонија | пред 3 месеци

media-librarylqithsb5mvt29p2NNo3

Имаше дискусија за идниот јавен обвинител, по мислењето од Советот, вели владината портпаролка за изборот на Савески

Македонија | пред 6 месеци

28112024_Miteva

Митева: Јавното таргетирање медиуми од СДСМ е директен атак врз слободата на изразување

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања