Промени тема
Контакт
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“ Гледај на LANDOV.MK 2:44:14

По посетата на Зеленски – Приштина го тргна украинското знаме, Вучиќ: „Единствено искрено е дека ја мразат Србија“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Балкан
media-libraryv9qvjv1lf90097kQbs8

Отстранувањето на украинското знаме од една од зградите во центарот на Приштина предизвика реакција од српскиот претседател Александар Вучиќ, кој оцени дека потегот покажува дека поддршката на Приштина за Украина, според него, била мотивирана од политички интереси кон Србија.

— реклама —

„Сега гледате дека Приштина не ја поддржувала Украина искрено, туку само затоа што мислеле дека Украина и Европа ќе направат нешто против нас. Единствено искрено е тоа што ја мразат Србија и Србите“, изјави Вучиќ, одговарајќи на новинарски прашања.

Украинското знаме беше поставено на фасадата на зграда во центарот на Приштина по почетокот на руската инвазија врз Украина. Неговото отстранување следуваше еден ден по посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белград.

— реклама —

За време на посетата, Зеленски порача дека ставот на Киев во однос на непризнавањето на Косово останува непроменет.

— реклама —

Градоначалникот на Приштина, Пëрпарим Рама, на „Фејсбук“ објави снимки од отстранувањето на знамето и порача дека „Косово мора да биде почитувано“.

Рама наведе дека граѓаните на Приштина ќе продолжат да покажуваат солидарност со народите кои се соочуваат со војни, насилство и прогон, но оцени дека ниту една политичка цел не треба да се гради со, како што наведе, омаловажување на државноста на Косово и жртвата на неговиот народ.

Отстранувањето на знамето дополнително ги нагласи политичките тензии меѓу Белград и Приштина, особено во контекст на позициите на Украина кон Косово и Србија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryaoiv1mpn0jju0vzxPaL

Вучиќ: Студентите ќе бидат шокирани, ќе ги победиме со најмалку 400.000 гласа разлика

Свет | пред 11 час

— реклама —
media-librarytdjc4885eie333kQMVZ

Вучиќ ги повика граѓаните да гласаат: „Изборите се како финале на Светското првенство“

Балкан | пред 1 ден

Screenshot-2023-10-01-at-09.41.58

БИРН: Над 111.000 евра од Србија за здруженија во Македонија чии претставници го поддржуваат Вучиќ

Свет | пред 2 дена

putin-vucic

Вучиќ откри детали од разговорот со Путин: „Ме поддржа бидејќи знае под каков притисок се оние на власт“

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања