Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Во живо „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

По повеќе од еден месец потрага, во езеро пронајден мртов сопругот на италијанската министерка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryj863qim01k3i5jVqpb0
AI

Телото на Луиџи Кавалари (84), сопруг на италијанската министерка за семејство Еуџенија Рочела, е пронајдено во езерото Вико во покраината Витербо, повеќе од еден месец откако исчезна за време на капење.

— реклама —

Кавалари исчезнал на 27 јуни, откако скокнал во езерото. Неговото тело денеска го пронашле полициски нуркачи, по обемна потрага што траела повеќе од еден месец. Телото било извлечено на брегот, а обвинителството во Витербо наложило обдукција за да се утврди точната причина за смртта.

— реклама —

Во потрагата учествувале специјализирани тимови од цела Италија, кои користеле сонари и подводни роботи поради исклучително слабата видливост и тешките услови на дното на езерото, покриено со кал и густи алги.

Кавалари и министерката Рочела, која е член на владата на премиерката Џорџа Мелони, годинава одбележале 50 години брак. Тие имаат две деца, а својот приватен живот го држеле далеку од јавноста. Кавалари бил инженер, универзитетски професор и академик.

— реклама —

Според италијанските медиуми, трагедијата се случила додека престојувале во нивната семејна куќа покрај езерото Вико. По скокот во водата, Кавалари повторно излегол на површината и се пожалил дека не се чувствува добро, по што исчезнал под водата.

— реклама —

Токму министерката Рочела веднаш ги известила итните служби. Неколку дена по неговото исчезнување, таа јавно им се заблагодари на сите кои ѝ пружиле поддршка во овие тешки моменти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuujv7d2232g2fXj0kiG

Најмалку 300 училишта во Италија евакуирани по закани за бомби

Свет | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryflied4nfjmu68Ot24Gg

Оваа европска земја ќе ги пресметува казните за секој километар пречекорување на брзината

Патувања | пред 2 дена

media-librarym5s197b52hf5busDL2f

Италија и Шпанија најпосакувани дестинации за есенски одмор меѓу Европејците

Патувања | пред 4 дена

avtopat

Италија планира казни до 160 евра за возачите што возат премногу бавно

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања