Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

По повод 24 Мај, ВМРО-ДПМНЕ порача: Да бидеме чувари на светлината што ја запалија Кирил и Методиј

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, порача дека нивното дело претставува вечен аманет за зачувување на македонскиот јазик, традиција и идентитет.

„Со особена почит и благодарност, денес оддаваме признание на светите браќа Кирил и Методиј, сесловенските просветители и основоположници на словенската писменост и духовност“, стои во честитката на партијата.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека создавањето на глаголицата овозможило ширење на писменоста, просветата и духовниот развој кај словенските народи.

„Со создавањето на првата словенска азбука, глаголицата, Светите браќа Кирил и Методиј овозможија ширење на словото Божјо на разбирлив и народен јазик“, наведуваат од партијата.

— реклама —

Во честитката се посочува и улогата на Свети Климент Охридски во развојот на кирилицата, која, како што се наведува, претставува основа на македонскиот јазик.

— реклама —

„Делото на Светите Кирил и Методиј е длабоко вкоренето во македонската национална историја и културниот идентитет“, стои во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека празникот е потсетник за обврската да се негува македонскиот јазик, да се почитува традицијата и да се вложува во образованието.

— реклама —

„Да бидеме чувари на светлината што ја запалија Светите браќа Кирил и Методиј, зачувувањето на нивното дело е чест и одговорност кон нашето минато, сегашност и иднина“, наведуваат од партијата.

На крајот, ВМРО-ДПМНЕ го честита празникот 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryaqn0t76d675feC1bG7a

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 дена

media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања