Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

По реакциите, Славески се извини: Зборував за медиумите во Србија, не за македонските новинари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryufbadqlok815az6qNa2

Гувернерот на Народната банка на Северна Македонија, Трајко Славески, преку објава на социјалната мрежа Икс (X) се извини доколку неговата изјава во емисијата „Топ тема“ на Телма била погрешно разбрана и предизвикала навреда кај македонските новинари.

Славески појаснува дека во делот од емисијата во кој изјавил дека „медиумите ја урнаа банката“, мислел исклучиво на медиумските објави во Србија, поврзани со работењето на Алта банка од Белград, шпекулациите и непроверените информации за одливот на средства од банката, кои циркулирале неколку дена пред Народната банка на Србија да ѝ ја одземе дозволата за работа.

— реклама —

Тој нагласува дека во ниту еден момент не мислел на Алта банка АД Битола, ниту, пак, имал намера да ја доведе во прашање професионалноста на македонските медиуми.

— реклама —

Во објавата, гувернерот се осврнува и на случувањата во Македонија, посочувајќи дека, според него, прес-конференциите на СДСМ придонеле за создавање недоверба и дополнителен притисок, во контекст на кој била воведена и заштитната мерка за ограничување на исплатите на 10.000 денари неделно.

„Особено ми паѓа тешко доколку мојата изјава е разбрана поинаку од новинари и припадници на новинарската фела чија работа исклучително ја почитувам и чии текстови редовно ги читам“, наведува Славески.

— реклама —

Тој упатува искрено извинување до сите припадници на новинарската фела кои можеби се почувствувале навредени од неговата формулација, нагласувајќи дека тоа во никој случај не била неговата намера.

— реклама —
media-libraryo3n4tvhnl84a59mqDaS

(Видео) Славески ги обвини медиумите за пропаста на Алта банка: „Со шпекулациите создадоа недоверба“

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, ги посочи медиумските шпекулации како причина за создавање недоверба во Алта банка во Србија, тврдејќи дека медиумите придонеле за нејзиното уривање. Во разговор со водителката Наташа Стојановска во Топ тема, тој го оспори и известувањето на британскиот „Фајненшл тајмс“, кој објави детали за финансиските проблеми на банката, сомнежите за перење пари и повлекувањето големи суми од нејзините сметки.„’Фајненшл тајмс’ може сѐ да напише, тоа се дневни в

Македонија | пред 23 часа

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

narodna-banka-na-rm

По случајот со АЛТА банка, Славески денеска со прес-конференција

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-librarys1v58jc02sla5k4nFEJ

Средба Славески – Варнс: Стабилниот финансиски систем и модерните платни решенија се основа за инвестиции и економски раст

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryvr92fqknd20937Qu8j3

Гувернерот Славески: Денарот е стабилен, инфлацијата се намалува

Македонија | пред 8 месеци

trajko-slavevski-pretres-1

Во „бомбата“ на СДСМ се споменува и името на Гувернерот: „Дали изборот на Трајко Славески на чело на НБРМ беше поради Алта Банка?

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања