Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

По случајот со АЛТА банка, Славески денеска со прес-конференција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 дена -

Македонија
narodna-banka-na-rm

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, денеска, 1 ноември, со почеток во 17 часот, ќе одржи прес-конференција на која ќе се осврне на актуелните случувања поврзани со банкарскиот сектор, како и на супервизорските активности на Народната банка.

— реклама —

Прес-конференцијата доаѓа по вчерашното соопштение на Народната банка во врска со одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка а.д. Белград.

— реклама —
— реклама —

Од Народната банка вчера појаснија дека одлуката на српскиот регулатор се однесува на работењето на банката во Србија и не значи автоматско одземање на дозволата за работа на АЛТА банка АД Битола.

— реклама —

Во соопштението беше нагласено дека домашната банка е самостојно правно лице, основано и регистрирано во Северна Македонија, чие работење се оценува согласно домашната законска и регулаторна рамка. Народната банка посочи дека внимателно ја следи состојбата, вклучително и потенцијалните ризици што произлегуваат од сопственичката поврзаност, и дека постапува во рамките на своите законски надлежности.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4bo18uadi620a9i5aER

Славески за клиентите на Алта банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идните приливи

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryufbadqlok815az6qNa2

По реакциите, Славески се извини: Зборував за медиумите во Србија, не за македонските новинари

Македонија | пред 4 дена

media-librarys1v58jc02sla5k4nFEJ

Средба Славески – Варнс: Стабилниот финансиски систем и модерните платни решенија се основа за инвестиции и економски раст

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryvr92fqknd20937Qu8j3

Гувернерот Славески: Денарот е стабилен, инфлацијата се намалува

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања