Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

По силните критики Коцевски реорганизирал низ Обвинителство, соопштија кои се приоритетни предмети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-12-02-at-09.03.48

„Јавниот обвинител на Република Северна Македонија со исклучителна сериозност ги зема апелите од извршната власт и од јавноста воопшто за зголемување на активноста на сите истражни органи, а особено на Јавното обвинителство во борбата против корупцијата“, се вели во соопштението од Обвинителството и се додава:

— реклама —

Од тие причини, во рамките на своите надлежности, кои се од организационен карактер и не навлегуваат во предметното постапување на јавните обвинители, републичкиот јавен обвинител презема чекори за сериозна реорганизација на силите Јавното обвинителство која овозможува поефикасен кривичен прогон на сторителите на кривични дела особено од областа на финансискиот криминал и корупцијата.

Во таа насока, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе Задолжително упатство со кое заради заштита на јавниот интерес и за поефикасно откривање и гонење на кривични дела и нивните сторители, се задолжуваат сите јавни обвинители итно да дадат приоритет во постапувањето по предметите за кривични дела од областа на корупцијата и од особен јавен интерес. На ваквите предмети приоритет ќе се дава и во преземањето на дејствијата од страна на истражните центри на јавните обвинителства, а сите обвинители кои имаат во работа такви предмети се задолжени итно да извршат нивно ажурирање во смисла на проверка на преземените дејствија и на веќе издадените наредби и барања и на пристигнатите одговори од надлежни органи и институции. Доколку по издадени наредби и барања не е пристигнат одговор или соодветни податоци од надлежни институции и органи во законски определениот рок, веднаш ќе бидат испратени ургенции за итно постапување.

— реклама —

Основните јавни обвинители на основните јавни обвинителства се задолжуваат во рок од 10 работни дена по донесувањето на Упатството да одржат стручен колегиум со сите јавни обвинители во основните јавни обвинителства на кој ќе го разгледаат обемот на работа на конкретното обвинителство во однос на предмети од областа на корупцијата по број на предмети, подносители, преземени дејствија и активни издадени наредби, ќе ги анализираат предизвиците при постапувањето во таквите предмети и ќе изнесат предлози за нивно надминување со цел поефикасен кривичен прогон.

Вишите јавни обвинители на вишите јавни обвинителства се задолжуваат во рок од 10 работни дена по донесувањето на Упатството да одржат стручен колегиум со сите јавни обвинители во вишите јавни обвинителства на кој ќе го разгледаат обемот на работа на конкретното обвинителство во однос на предмети од областа на корупцијата, предизвиците при постапувањето во таквите предмети во втор степен и предлозите за нивно надминување со цел поефикасен кривичен прогон.

За сите овие активности ќе бидат доставени извештаи до Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, а доколку биде констатирано неоправдано одолговлекување на постапките ќе биде извршен вонреден надзор над постапувањето на соодветните јавни обвинители.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0ina52vt0431eY8L1Vs

(Видео) Криел 9 пиштоли во кровот на автомобилот, спречен обид за шверц на оружје на Богородица

Настани | пред 43 минути

media-librarynmmk7lv8h7ggct7J0EU

(Видео) Гужви и застој пред наплатната станица за излез од Тетово, сообраќајка на автопатот го парализираше сообраќајот

Македонија | пред 4 дена

media-libraryfnvlspaqtivre6EEC7B

Исчезна 72-годишна жена во Скопје

Македонија | пред 1 седмица

policija-1313

Пронајдено тело на жена во езерцето во Градскиот парк во Струмица

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања