Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

По спектаклот со Гета, Скопје се чистеше до рано наутро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
media-libraryn9ji0h8ktb829HdY03f

По големата прослава на независноста на Македонија и настапот на Дејвид Гета во Скопје, екипите на Град Скопје веднаш по завршувањето на настанот започнале со расчистување на просторот околу стадионот „Тодор Проески“ и во Градскиот парк, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски посочи дека работата на екипите продолжила во текот на ноќта и до раните утрински часови, со цел по завршувањето на големиот настан просторот повторно да биде чист и уреден.

— реклама —

„По ноќта исполнета со музика, радост и илјадници граѓани кои ја славеа независноста на Македонија, грижата за Скопје продолжи до раните утрински часови“, напиша Ѓорѓиевски.

Тој упати благодарност до работниците кои, како што наведе, ноќта ја поминале на терен и се грижеле за расчистување на просторот.

— реклама —

„Нивниот труд, честопати далеку од вниманието на јавноста, заслужува почит од сите нас“, порача градоначалникот.

— реклама —

Ѓорѓиевски нагласи дека обврските кон градот продолжуваат и по завршувањето на големите настани.

„За нас, крајот на еден настан никогаш не е крај на обврската кон градот. Грижата за Скопје не запира“, порача тој.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrb1o1o62hl279UE55Nx

Масовна акција за чистење на Скопје, над 30.000 учесници се вклучија во активностите

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-library09d767havqm88wdv3fI

Ѓорѓиевски и ОБСЕ им доделија признанија на професорите што ги поврзуваат младите преку заедничка настава

Скопје | пред 2 дена

media-library6rqr9p30u7hm7Fkl47X

Ѓорѓиевски на средба со швајцарскиот амбасадор за нови можности за развој и модернизација на Скопје

Скопје | пред 3 дена

media-librarysb1denuv2k2naXkzohy

Орце Ѓорѓиевски доби признание за поддршката во обновувањето на храмот „Свети великомаченик Димитриј“

Скопје | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања