Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

По Венецуела, дали и Колумбија е „следна“? Трамп не ја исклучува воената опција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Американскиот претседател Доналд Трамп испрати нова жестока порака до Богота, оставајќи отворена можност за воена интервенција против Колумбија.

Зборувајќи пред новинари во авионот „Ер Форс Уан“, Трамп остро го нападна колумбискиот претседател Густаво Петро, велејќи дека земјата е „сериозно болна“ и дека ја води човек кој, според него, го поддржува производството и извозот на кокаин кон САД. „Тоа нема да трае уште долго“, додаде тој.

— реклама —

На директно новинарско прашање дали Вашингтон би прибегнал и до воена операција против Колумбија, Трамп одговори: „Тоа ми звучи добро“. Во истиот контекст тој оцени и дека Куба, долгогодишен сојузник на режимот во Каракас, „изгледа како да е пред распаѓање“ и дека можеби ќе колабира и без американска интервенција.

— реклама —

Изјавите доаѓаат во сенка на американската операција во Венецуела, по која Мадуро е притворен во Њујорк и се соочува со обвиненија за трговија со дрога. Трамп предупреди дека можни се нови удари врз венецуелски цели доколку преостанатите структури на власта не соработуваат со САД.

— реклама —

Истовремено, тој даде сигнал дека наместо итно одржување избори во Венецуела, повеќе би поддржал преодна соработка со дел од системот на Мадуро – пред сѐ во борбата против наркокартелите и враќањето на стабилноста во нафтениот сектор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryhl6s1jc6t1l29VwC9qL

(Видео) Најмалку 52 загинати во вооружени пресметки пред претседателските избори во Колумбија

Свет | пред 2 месеци

media-librarymf69v352efb9eEtDoZA

Експлозија во рудник за јаглен во Колумбија, четири лица загинаа

Свет | пред 2 месеци

media-libraryllu167fiv7qu3kex67n

Колумбија нуди 1,4 милиони долари за информации за бунтовнички лидер: наредил бомбашки напад во кој загинаа 20 лица

Свет | пред 3 месеци

media-librarynpr4avim64ip7ag8PLW

(Видео) Во Колумбија се урна воен авион: во него имало 100 војници

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања