Промени тема
Контакт

Почина поранешниот раководител на Скијачкиот центар Маврово, Огњан Циговски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
ognjan-cigovski

Македонскиот туристички и скијачки сектор денеска ја прими веста за смртта на Огњан Циговски, бизнисмен кој со децении беше присутен во развојот на туризмот и скијањето во земјава. Циговски почина на 24 август, по долгогодишна борба со болест.

Во текот на својата професионална кариера, тој беше долгогодишен раководител на Скијачкиот центар Маврово, поранешен сопственик и управител на „Ресорт Маврово“, како и претседател на Скијачката федерација на Македонија.

Веста за неговата смрт предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде што пријатели, соработници и претставници на туристичкиот сектор се простуваат од Циговски и се потсетуваат на неговиот ангажман во развојот на македонскиот туризам, особено на зимскиот туризам.

— реклама —

Сочувство изрази и Аркан Керим, во свое име и во име на Туристичко-угостителската комора на Македонија.

— реклама —

„Со голема тага ја примив веста за прераното починување на поранешниот претседател на ТУК, Огњан Циговски“, објави Керим, упатувајќи сочувство до семејството, пријателите и туристичката фела, особено до луѓето од Маврово и Битола.

Циговски во текот на својата кариера беше активен во повеќе области поврзани со туризмот и скијачкиот спорт, а неговото име со години беше тесно поврзано со Маврово и со развојот на туристичката понуда во овој дел од Македонија.

— реклама —

Засега нема официјално објавени дополнителни информации за неговата здравствена состојба или околностите во кои настапила смртта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydt9tg3uv4r2pemBi4rd

Ултрабогатите побогати од кога било, сиромаштијата продлабочена: богатството расте рекордно, нееднаквоста станува глобална закана

Свет | пред 8 месеци

— реклама —
media-libraryoetura3msapd9KnkMZC

Починал по пад од 21 метар: Уште една сомнителна смрт на руски бизнисмен

Свет | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања