Почина седумгодишно девојче од Челопек за време на лекување во тетовската болница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library66ibkhdvmf1f1FW9wNJ

Седумгодишно девојче од тетовското село Челопек почина за време на болничко лекување во Клиничката болница Тетово, информираат од установата.

— реклама —

Од болницата соопштија дека пациентката била примена на Одделението за педијатрија во саботата, на 20 септември, во 20:40 часот.

— реклама —

„Веднаш беа преземени сите неопходни мерки согласно важечките медицински протоколи со цел поставување на точна дијагноза. Од моментот на приемот, беа преземени сите потребни медицински мерки соодветни на нејзината здравствена состојба, вклучително и интензивна рехидратација, согласно професионалните и клинички насоки“, наведуваат од болницата.

— реклама —

Во текот на третманот била побарана интервенција од Одделението за оториноларингологија (ОРЛ). „Била побарана помош од ОРЛ за аспирација на секрети од усната шуплина. За жал, за време на интервенцијата, пациентката не покажа знаци на реакција, по што беше итно префрлена на Одделението за анестезија, реанимација и интензивна нега, каде што беа преземени сите мерки за реанимација. И покрај максималните напори на медицинскиот тим, пациентката почина“, стои во соопштението.

Клиничката болница информира дека побарала да биде извршена судско-медицинска обдукција за целосно расветлување на случајот. „Сепак, до овој момент, семејството на пациентката го изрази своето противење за спроведување на обдукцијата. Изразуваме искрено сочувство и длабока тага до семејството во овие исклучително тешки и трагични моменти“, додаваат од установата.

Од болницата нагласуваат дека се подготвени целосно да соработуваат со надлежните институции за секое дополнително појаснување во врска со овој случај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

bolnica-prilep-34-750x430-696x399-1

Ексдиректорката на прилепската болница исплаќала пари преку фиктивни налози – со фискални сметки за гориво, ресторани, пицерии и кафеани

Македонија | пред 5 дена

655-402-bebe

Повраќало, но имало уредни анализи - што се случувало пред смртта на бебето во Кавадарци

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryjbkiv0kh7cad1b1MKtK

Благајник од прилепската болница присвоил околу 245.000 евра – лишен од слобода по акција на Финансиска полиција

Македонија | пред 1 месец

bolnica-stip

Син кршел инвентар по смртта на татко му во болницата во Штип: Приведен 29-годишник

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања