Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Почна истрага: Откупувале железо и акумулатори и си направиле пункт на Вардариште кое нонстоп се пали

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-09-03-at-18.41.43

Со координирани дејствија на Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи, во изминатите два дена се извршени претреси на локацијата Вардариште. Обезбедени се докази кои создаваат основано сомнение дека три лица сториле кривично дело – загрозување на животната средина и природата со отпад.

— реклама —
— реклама —

Обвинителството денеска поведе истрага и предложи на осомничените да им биде определен притвор поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност за повторување на делото. Според обвинението, тројцата подолг временски период, заклучно со 2 септември годинава, на улицата „Зендел Џемаил“ во Скопје, создале диви депонии спротивно на прописите за заштита на животната средина, со што можеле да предизвикаат значително оштетување на почвата, воздухот и водата, како и опасност за животот и здравјето на луѓето.

— реклама —
— реклама —

Осомничените вршеле откуп на старо железо, метални производи, стари акумулатори и обоени метали на импровизирани отпадни пунктови без регистрирано правно лице и без дозвола од Министерството за животна средина. Доказите упатуваат дека тие непрописно складирале и транспортирале отпад, со што директно влијаеле на квалитетот на почвата и воздухот, но и предизвикале закана по здравјето на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-40-1670PM

Вработените во обвинителствата: Новиот закон не носи реформи, туку ги задржува старите слабости

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-39-9960PM

Вработените во обвинителствата бараат измени: Законот не ја гарантира самостојноста на системот

Македонија | пред 2 седмици

policija-ubistvo-pishtol

Чекале во грмушки со пиштоли, па пукале во возило: детали за обидот за убиство во скопско Шишево

Скопје | пред 3 седмици

media-library8tk5mvidsqkj5B3Xtz8

Жена со прострелна рана во главата пронајдена во скопско село: сопругот тврди дека се самоубила со неговиот пиштол, откако имале расправија

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања