„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Почнува собирањето потписи за независни кандидати во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
izbori-makedonija-Copy

Денеска стартува процесот за давање поддршка со потпис за независните кандидати кои ќе се натпреваруваат за градоначалничките функции во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше, како и во Центар Жупа, информира Државната изборна комисија.

— реклама —

Граѓаните својата поддршка ќе можат да ја потврдат пред службени лица во соодветното подрачно одделение или канцеларија на ДИК, како и кај нотар. Потписите ќе се собираат секој работен ден, во редовниот термин од 8:30 до 16:30 часот, додека на последниот ден – 30 ноември 2025 – постапката ќе биде продолжена до полноќ.

Според ДИК, подрачното одделение во Гостивар ќе ги процесира потписите за кандидатите за Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуше, а канцеларијата во Дебар е одговорна за општината Центар Жупа.

— реклама —

Собирањето потписи ќе трае до 30 ноември, по што следува подготовка за повторените избори. Новото гласање во овие четири општини е закажано за 11 јануари 2026 година, бидејќи на локалните избори одржани на 19 октомври 2025 не беше постигнат потребниот цензус и не беа избрани градоначалници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryn3fliu542sl9aZ6euwP

Повторно глсање во Гостивар, Врапчиште, Маврово–Ростуше и Центар Жупа на 11 јануари, Гаши ги распиша изборите

Македонија | пред 1 месец

media-library3j784da4mmm6epYsOAt

Од „ептен голема грешка“ до повлекување: Мемов по критиките кон ВРЕДИ, сега тврди дека зборувал во лично име

Македонија | пред 1 месец

media-library3j784da4mmm6epYsOAt

ЗНАМ со порака до ВРЕДИ: Чесно ве поддржавме, а вие не изигравте

Македонија | пред 1 месец

media-librarybue6cv4gibjvdg14SZa

Тројца пратеници ја заменија пратеничката со градоначалничката фотелја

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања