„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Поддршка за малите херои – Компанијата Mozzart целосно го опреми кабинетот за физикална терапија на Одделот за цистична фиброза

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

SLIKA-4-PG

Со искрено срце и грижа кон најмладите, компанијата Mozzart уште еднаш покажа дека хуманоста е нејзино најсилно обележје. По многубројните добротворни акции кои веќе ја дефинираат како лидер во несебична поддршка, овојпат донацијата има особено длабоко значење — целосно опремен кабинет за физикална терапија во Одделот за цистична фиброза, при Детската клиника во Скопје.

— реклама —

„Физикалната терапија е многу важна за пациентите со цистична фиброза и мора да биде дел од нивната секојдневна нега. Благодарение на Mozzart, сега децата ќе можат да ја добиваат оваа терапија во современ кабинет со најнови апарати и помагала ”, изјави Доц.д-р Валентина Чолаковска, Раководител на Одделот за цистична фиброза.

— реклама —

Кабинетот не е само просторија со современи апарати, туку е нов почеток — надеж за подобрување на здравјето и квалитетот на живот на децата кои секојдневно се борат со оваа ретка болест. Благодарение на Mozzart, терапијата станува достапна, дел од нивното лекување, дел од нивната иднина.

„Голема благодарност до компанијата Mozzart. Оваа донација ќе помогне во подобрување на квалитетот на животот на пациентите”, изјави Реџеп Мемеди, в.д. Директор на Клиниката за детски болести.

Оваа приказна не е само за една донација. Таа зборува за човечност, за одговорност и за вистинска желба да се направи светот подобар, особено за оние на кои им е најпотребно.

„Големо е задоволството кога околу вас гледате насмеани и среќни лица благодарение на помошта која сте ја пружиле. Во очите на овие деца гледаме сила. Гордост ни е што можеме да бидеме дел од нивната борба ”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Мozzart.

Овој хуманитарен гест е дел од кампањата „ Повеќе од гол”, која е една од најголемите хуманитарни акции на компанијата. За секој погодок на македонската ракометна репрезентација на Светското првенство во јануари, Mozzart донираше по 5.000 денари. Со постигнати 181 погодок, беа собрани вкупно 905.000 денари.

Амбасадорот на кампањата, капитенот Филип Кузмановски, не само што ги водеше со пример, туку и ја насочи добрината кон оние кои најмногу ја заслужуваат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

20230707190027

За Пехчевски, министерот Меџити ја помина црвената линија: и лекот ќе го набавиш и оштета ќе ми платиш во Судот во Стразбур

Коментари | пред 2 години

igor-trikafta-cistichna-fibroza

Пехчевски бара извинување од Меџити: Јас барам лек од кој животот ми зависи, а тој си дозволи да каже дека правам шоу во јавноста на телевизија

Македонија | пред 2 години

Screenshot_10

До кога тој трул систем во државата ќе не мачи и држи во неизвесност нас пациентите со Цистична фиброза, прашува Пехчевски

Коментари | пред 2 години

protest-cisticna-fibroza

Додека министерот за здравство живее во куќа од скоро милион евра, животот на пациентите со цистична фиброза виси на конец, лек Трикафта и понатаму нема за сите, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања