Промени тема
Контакт

За првпат терапија за цистична фиброза добиваат пациенти од 2-годишна возраст и лица со различни генетски мутации кои претходно не се лекувале

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-library59qg8p3jt43ccqBHZgW

Бројот на пациенти со цистична фиброза кои ја добиваат терапијата во Македонија пораснал од три случаи во 2021 година на 126 во 2026 година, истакна министерот за здравство Сашо Клековски.

„Од почетните напори за дијагностицирање и генетска дијагностика пред девет години, до првото воведување на терапијата во 2021 година со три случаи, стигнавме до 126 во 2026 година“, рече Клековски.

— реклама —

Тој посочи дека сега се вклучени сите медицински оправдани случаи од двегодишна возраст нагоре. Претходно терапијата се применувала кај пациенти од 12 години нагоре, со исклучок на критични случаи под оваа возраст.

— реклама —

Како новина ја посочи и можноста за третман на пациенти со различни генетски мутации кои претходно не биле опфатени со терапија.

Клековски нагласи дека напредокот не се однесува само на терапијата, туку и на стручноста во третманот, при што ја истакна работата на Клиниката во Козле и Детската клиника, како и Твининг-програмата со Берлин и Кембриџ.

— реклама —

Според него, Македонија сега има сеопфатна програма за третман на цистична фиброза и е меѓу земјите во регионот со таков пристап.

— реклама —

Клековски им се заблагодари и на лекарите кои континуирано работат со пациентите, како и на пациентите и нивните родители за нивната упорност и ангажман.

Тој посочи дека важен дел од напредокот е и охрабрувањето на пациентите јавно да зборуваат за своите проблеми, особено поради стигматизацијата со која, како што рече, сè уште се соочуваат различни групи во општеството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

SLIKA-4-PG

Поддршка за малите херои – Компанијата Mozzart целосно го опреми кабинетот за физикална терапија на Одделот за цистична фиброза

пред 1 година

— реклама —
20230707190027

За Пехчевски, министерот Меџити ја помина црвената линија: и лекот ќе го набавиш и оштета ќе ми платиш во Судот во Стразбур

Коментари | пред 3 години

igor-trikafta-cistichna-fibroza

Пехчевски бара извинување од Меџити: Јас барам лек од кој животот ми зависи, а тој си дозволи да каже дека правам шоу во јавноста на телевизија

Македонија | пред 3 години

Screenshot_10

До кога тој трул систем во државата ќе не мачи и држи во неизвесност нас пациентите со Цистична фиброза, прашува Пехчевски

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања