Експертите откриваат како мали промени во навиките можат да помогнат да се будите поодморени, полесно да заспивате и да имате повеќе енергија во текот на денот.
На многумина раното станување им е секојдневен проблем, но експертите истакнуваат дека телото може постепено да се навикне на порано будење без голем стрес и исцрпеност.
Најважно е распоредот да не се менува нагло. Се препорачува легнување и будење 15 минути порано на секои неколку дена за организмот полесно да се прилагоди.
Природната светлина веднаш по будењето може да му помогне на организмот да се разбуди и да го намали чувството на замор. Експертите советуваат и викендите да не се отстапува премногу од вообичаениот распоред на спиење.
Голема улога има и доволниот сон, бидејќи на повеќето возрасни лица им се потребни меѓу седум и девет часа одмор во текот на ноќта, пренесува Avaz.ba.
Кафето и енергетските пијалаци во подоцнежните часови можат да го отежнат заспивањето, како и користењето телефон, компјутер и телевизија пред спиење поради сината светлина, која го нарушува природниот ритам на организмот.
Доцните и тешки вечери исто така можат да го влошат квалитетот на сонот, додека лесни вечерни рутини, како читање или опуштање, можат да му помогнат на организмот да се подготви за одмор.
Експертите предупредуваат дека честото одложување на алармот може да предизвика уште поголемо чувство на замор, а доколку исцрпеноста трае подолго време, потребно е да се побара лекар.