Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Погледнете што почна Русија масовно да произведува, токму во моментот кога се закануваат со нуклеарна ескалација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
f_35747125_1280

Русија започна масовно производство на мобилни засолништа кои можат да заштитат од различни закани, кои наводно вклучуваат радијација од нуклеарна експлозија, пишува Ројтерс.

Засолништето „КУБ-М“ може да понуди 48-часовна заштита од различни природни опасности, како и од вештачки опасности.

Тие вклучуваат експлозии и шрапнели од конвенционално оружје; паѓање на остатоци од згради, опасни хемикалии и пожари.

Стандардно засолниште од овој тип може да прими 54 лица, а по потреба може да се надгради.

— реклама —

„Мобилното засолниште е повеќенаменска структура која обезбедува заштита на луѓето од различни закани, вклучително и природни катастрофи и несреќи предизвикани од човекот“, соопштија од истражувачки институт на руското Министерство за вонредни ситуации, нарекувајќи го „важен чекор кон подобрување на безбедноста на граѓаните“.

— реклама —

Руското министерство официјално не го поврзува производството на мобилни засолништа со каква било актуелна криза, но очигледно е дека најавата дојде неколку дена откако администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден се согласи да и дозволи на Украина да истрела американски ракети со долг дострел длабоко во Русија.

Кремљ оваа одлука ја нарекува непромислена и тврди дека решително ќе одговори.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryo3htmafqn2hn954efQt

(Видео) Нов бран украински напади: Густ чад се издига над руски градови

Свет | пред 33 минути

media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Русија тврди дека уништила инфраструктура што ја користи украинската војска

Свет | пред 15 часа

media-libraryeqpi3p374lp0e3TtA7y

Русија распиша потерница по ќерката на убиениот критичар на Путин, Борис Немцов

Свет | пред 1 ден

media-libraryhb97pf41t48vdAkHg4a

Москва под портокалов аларм поради екстремни горештини

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања