Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Погодена нуклеарна електрана во Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
nuklearna-elektrana

Дрон рано во четвртокот погодил разладна кула на еден од реакторските блокови во нуклеарната електрана Курск во Русија, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

— реклама —

Според информациите што ги добила МААЕ, ударот се случил на 17 септември, додека реакторскиот блок бил во работа. По инцидентот не бил променет режимот на работа, а не избувнал ниту пожар.

МААЕ засега не соопшти за кој реакторски блок станува збор, ниту кој управувал со дронот.

— реклама —

Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, повторно предупреди дека нападите врз нуклеарни постројки може да ја загрозат нуклеарната безбедност, без оглед на тоа каде се случуваат. Тој ги оцени ваквите напади како неприфатливи и повика на максимална воена воздржаност за да се избегне ризикот од нуклеарна несреќа.

— реклама —

Нуклеарната електрана Курск се наоѓа во близина на градот Курчатов, релативно блиску до границата со Украина. На локацијата, покрај постарите реактори РБМК-1000, се гради и новата електрана Курск 2 со реактори од типот ВВЕР-ТОИ. Првиот нов блок влезе во комерцијална употреба на 1 мај годинава.

Ова не е прв инцидент со дронови во близина на нуклеарната електрана Курск. МААЕ во јули соопшти дека Русија ја информирала оти на 5 јули дрон погодил и оштетил разладна кула на вториот блок на Курск 2, кој во тој период сè уште бил во изградба. Руските власти тогаш ја обвинија Украина за нападот, додека Киев не ги коментираше тие тврдења.

Во август минатата година, според руските власти, дрон бил соборен во близина на електраната, по што експлозија оштетила помошен трансформатор. Избувнал пожар, а моќноста на третиот реакторски блок привремено била намалена за 50 проценти. Тогаш немало повредени, а измереното ниво на радијација останало во нормални граници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5i4ruv9sol4u4eLfQaZ

Руски дизел тргна кон Њујорк: Танкер со 40.000 тони гориво отплови по договор меѓу Путин и Трамп

Свет | пред 14 часа

— реклама —
media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Путин најавува преговори за мир, но тврди дека украинските територии се руски

Свет | пред 18 часа

media-libraryb00pgimrkf76ftxV4e6

Русија и Украина разменија масовни напади по најавите за мировни преговори

Свет | пред 1 ден

kremlj-moskva

Кремљ: На Русија ѝ е потребен траен мир со Украина, а не привремено примирје

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања