Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Полицаец испукал четири куршуми кон маж кој со нож нападнал жена во Лутон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryhopu1a1oookucOk8hPc
фото: unsplash

Британската полиција застрелала и ранила маж во Лутон, откако тој со нож повеќепати ја повредил една жена, соопшти Независната канцеларија за полициско однесување (IOPC), која отвори истрага за употребата на огнено оружје.

— реклама —

Инцидентот се случил вчера, кога еден полицаец испукал четири куршуми кон мажот, додека друг употребил гумен куршум. Повредениот бил пренесен во болница на лекување.

Во болница била пренесена и жената која била нападната со нож. Според досегашните информации, нејзиниот живот не е во опасност.

— реклама —

Директорката за комуникации на IOPC, Емили Бари, изјави дека полицајците ретко употребуваат огнено оружје, но дека секој ваков случај мора независно да се испита за да се утврдат околностите.

— реклама —

„Во оваа фаза можеме да потврдиме дека сите инволвирани полицајци се третираат како сведоци, бидејќи нема индикации дека ги прекршиле професионалните полициски стандарди или сториле кривично дело“, наведе Бари.

Од IOPC соопштија дека службеното огнено оружје било обезбедено за вештачење, а истражителите ги прегледале и снимките од безбедносните камери, како и снимките од камерите поставени на полициските униформи.

— реклама —

Истрагата треба да утврди што точно се случило и дали употребата на огнено оружје од страна на полицајците била оправдана во конкретните околности.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr08d1ofls4248G8ipwP

По Италија, закани за бомби и во Велика Британија: Над 770 училишта добиле идентични пораки

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-librarylmrquvmpq7599jciJU6

„Див Запад“ со електричните велосипеди: Британија подготвува нови ограничувања

Слајдер | пред 1 седмица

media-libraryhsd4j422rdm05gRemPR

Аларм во британското воено воздухопловство: непознати објекти поминувале покрај воени авиони

Свет | пред 3 седмици

media-libraryiab2fgsn71ic21PI55B

(Видео) Прескокнал заштитна ограда во британска зоолошка градина и влегол кај тигарот, кој го убил

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања