Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Полицаец предложен за Судски совет, а меѓу кандидатите и поранешниот правобранител од случајот со конфискацијата на Кочан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryddfgftvu1lk82NcDDvE

Собраниската комисија за избори и именувања денеска го предложи Аљбан Кадриу, инспектор за прекршоци во тетовската полиција, за нов член на Судскиот совет. Со осум гласа „за“ владејачкото мнозинство го прифати предлогот за тој да го замени Селим Адеми, кому утре му завршува вториот мандат.

— реклама —

Кадриу работи 17 години во Министерството за внатрешни работи и претходно бил вработен во Владата. Тој беше оценет како најсоодветен од страна на мнозинството пратеници, иако на јавниот оглас се пријавија вкупно десет кандидати. ДУИ го предложи Арбер Исаку, поранешен член на Советот за јавни обвинители, но тој доби само еден глас.

На листата кандидати беше и поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој последните години беше во фокусот поради судирите со поранешните обвинители на СЈО околу неуспешната конфискација на имотот на бизнисменот Сеад Кочан во случајот „Трансмет“. Судскиот совет уште пред две години утврди сериозни пропусти во постапките, што придонеле дел од имотот да биде продаден пред државата да го преземе. Пропусти беа нотирани и во Обвинителството и во Државното правобранителство, а слични наоди утврди и Антикорупциската комисија.

— реклама —

Стафа беше разрешен во 2022 година по поднесена неотповиклива оставка, а последно во јавноста се појави како адвокат на Љупчо Пецов – Ѓаволот, осомничен за финансиски криминал.

Останатите кандидати се претежно дипломирани правници и адвокати од Тетово, Гостивар, Кратово и Скопје. Меѓу нив е и Ведат Салихи, кој претходно се пријави и за член на Советот за јавни обвинители, а работел како истражител во Обвинителството за организиран криминал.

Предлогот за избор на Кадриу доаѓа во ден кога Собранието ја започна расправата за новите законски измени за Судскиот совет, со кои треба значително да се заострат критериумите за избор на „истакнат правник“ – токму статусот преку кој Кадриу беше предложен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0p96u6skogd921mua8v

Нема што да се расправа за судијата кој го прати Груби во куќен притвор, членот на Судски, Јошевска, одговори на прозивките од Филков

Македонија | пред 3 часа

media-library439d2gh00u939iRZvnh

(Видео) Од Врховен, преку судија и Владата до Судскиот совет: како, според Катевеновски, течела постапката за негово разрешување

Македонија | пред 3 дена

media-librarynfk2ck3udsq11jvV6jH

По вторпат разрешена судијката Савовска Димитровска која се закануваше на „Скопје1“, а со нејзе заминува и судијката Георгиева

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryhhh9pq8lksj9b3v20fO

(Видео) Спиро Борисов и по две недели не ги демантира обвинувањата за земени 5.000 евра од Дацо Белски, на кого му одредил притвор

Студио | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања