Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Политички застој во Косово: пропадна обид за избор на претседател поради недостиг на кворум

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Балкан
kosovo-sobranie

На вчерашната седница на Собранието на Косово присуствуваа само пратениците од Движењето Самоопределување и нивните коалициски партнери, односно вкупно 64 пратеници. За избор на претседател во првиот круг е потребно присуство и поддршка од најмалку 80 пратеници, поради што гласањето не беше успешно.

— реклама —

Ниту една од двете кандидатки предложени од Самоопределување не беше избрана, а седницата беше прекината и најавено е нејзино продолжување денеска.

Опозициските партии ја бојкотираа седницата, обвинувајќи дека власта со ваквиот пристап го нарушува уставниот поредок на Косово.

— реклама —

Извршниот директор на Косовскиот институт за правосудство, Ехат Мифтарај, оцени дека присуството на недоволен број пратеници претставува прекршување на Уставот, бидејќи, според него, јасно е пропишано дека за почеток на постапката мора да бидат присутни најмалку 80 пратеници.

— реклама —

Тој додаде дека ваквото однесување укажува на недостиг на политичка волја за постигнување консензус и дека користењето на процедурите на начин спротивен на уставните правила може да го загрози институционалниот поредок.

Според одлуката на Уставниот суд на Косово, доколку претседател не биде избран до 28 април, парламентот се распушта автоматски, а предвремените избори треба да се одржат во рок од 45 дена.

— реклама —

За избор на претседател се потребни две третини од гласовите во првите два круга, односно 80 пратеници присутни во салата, додека во третиот круг се доволни 61 глас.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Татко и тримесечно бебе пронајдени мртви во семејна куќа во Косово, уапсен дедото

Балкан | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryr5dqtmqk50t1bxa0Pv5

Украдени над 100 парчиња огнено оружје од магацин во Косово, полицијата истражува

Свет | пред 1 седмица

media-libraryahfla9bsv2r48KKDwUl

Минибус без патници, а во подот милион евра – Германец признал дека парите му припаѓаат за да ги добие назад, ама заврши во притвор

Свет | пред 3 седмици

kosovo-1

Приштина трага по 54-годишен маж од Ѓаковица, исчезнат пред шест дена

Балкан | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања