Промени тема
Контакт

Политико: Трамп ја разнебитува американската дипломатија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

Американскиот претседател Доналд Трамп вети реформа на дипломатијата на САД, но според проценките на упатените, неговата администрација всушност ја разорува до таа мера што го поткопува глобалното влијание на Вашингтон. Осум месеци по почетокот на неговиот втор мандат, повеќе од половина амбасадорски позиции се уште не се пополнети, а голем дел од водечките места во Стејт департментот се покриени привремено, често од лица без соодветно искуство, пишува Politico.

Многу дипломати, особено оние во странство, велат дека се исклучени од креирањето политики и дека се принудени да спроведуваат збунувачки инструкции од администрацијата. Стравот од санкции, откази или загубени унапредувања е толку голем што дел од нив избегнуваат дури и да укажат на проблеми.

— реклама —

„За време на првиот мандат ќе рековме: ‘Ова не е во ред, мора да и кажеме на Белата куќа.’ Сега тоа го нема. Оваа администрација едноставно не се интересира“, изјавил еден функционер на Стејт департментот за Politico.

— реклама —

Дипломатите предупредуваат дека се воведува атмосфера на тестирање лојалност, наместо професионализам. Според извештаите, на некои вработени им било наредено за „сензитивни теми“ да разговараат само лице в лице, поради сомнежи дека Стејт департментот користи софтвер за надзор на комуникациите.

Министерот за надворешни работи Марко Рубио воведе критериум – „верност кон целите на администрацијата“ – како фактор при унапредувања, што предизвикува дополнителна вознемиреност меѓу дипломатите.

— реклама —

Од 195 амбасадорски места, 110 се непополнети. За повеќе од 60 позиции администрацијата воопшто нема предложено кандидати, што сериозно ја намалува способноста на САД да ја спроведуваат својата надворешна политика. Странски лидери, поради дипломатски протокол, често избегнуваат средби со привремени претставници.

— реклама —

Администрацијата на Трамп и Рубио воведува нови приоритети: построга имиграциска политика, намалено внимание на човековите права и демократија, и засилен фокус на промоција на американските компании. Истовремено, голем број искусни дипломати се отстранети, а на нивни места доаѓаат помалку квалификувани кадри, што дополнително ја ослабува институцијата.

Politico оценува дека американската дипломатија се претвора во „помошна служба“ која само спроведува наредби, наместо да биде креатор на идеи и политики. Според критичарите, ваквиот курс не само што ја ослабува традиционалната улога на Стејт департментот, туку и сериозно го еродира глобалниот кредибилитет на САД.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl

САД и Кина се клучни за трговијата со технологија на ЕУ; Европа сепак ја завршува годината со позитивен биланс.

Свет | пред 12 часа

— реклама —
morbili

Епидемија на морбили во САД: Пенсилванија надмина 1.000 заразени, пет лица починаа

Свет | пред 1 ден

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: Украина ги уништува руските рафинерии, тоа ги зголемува цените на бензинот во САД

Свет | пред 1 ден

media-libraryi04a8l1t1qu24CMgGSp

САД со ракетен систем на само 110 километри од Тајван – како ќе реагира Кина?

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања