Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Полска ќе обарува руски дронови над Украина без одобрение од НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
dron1
Илустрација

Полска се подготвува да го промени законот за воени мисии во странство, со цел нејзината армија да може да обарува руски летала, како дронови, над Украина без претходно одобрение од НАТО или Европската унија, јавува полската „Gazeta Wyborcza“.

— реклама —

Накратко, Министерството за одбрана го поднело нацрт-законот уште во јуни, а се очекува тој да помине брзо низ парламентарната процедура.

— реклама —

Според стариот закон, претседателот можел на барање на Владата да одобри испраќање војници во странство во случаи на вооружени конфликти, мировни мисии, борба против тероризам или евакуации. Но, ден пред руската инвазија во 2022 година, тогашната влада на партијата Право и правда (PiS) го променила законот така што за вакви операции било потребно одобрение од НАТО, ЕУ и земјата-домаќин.

Подоцна, парламентарната комисија за истражување на руското влијание ја критикувала таа одлука, оценувајќи дека Варшава на тој начин го загубила правото на самостојно дејствување против дронови кои влегуваат од Украина или Белорусија.

— реклама —

Сегашната владејачка коалиција планира да ги укине тие ограничувања и на армијата да овозможи поголема флексибилност во одговор на закани, според принципот „прво пукај, потоа прашувај“, објавува „Gazeta Wyborcza“.

— реклама —

Промената доаѓа откако полската армија претходно во септември првпат обори сомнителни руски дронови кои влегле во нејзиниот воздушен простор – што беше и прв случај една членка на НАТО да обори руски летала за време на војната во Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 9 часа

ruski-vojnik-rusija-

Над 450.000 загинати Руси во војната во Украина, протекоа податоци од руската агенција за статистика

Свет | пред 17 часа

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Дмитриев: Зеленски отсекогаш бил против Трамп и мировните иницијативи

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања