Промени тема
Контакт

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувач над Балтикот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
polska-granica

Полските вооружени сили денеска соопштија дека борбени авиони MiG-29 пресретнале руски извидувачки авион Il-20, кој летал над меѓународниот воздушен простор на Балтичкото Море без поднесен план за лет и со исклучен транспондер.

— реклама —

Военото соопштение наведува дека акцијата била изведена „брзо, ефикасно и безбедно“ благодарение на високата подготвеност на пилотите и функционалноста на системот за противвоздушна одбрана.

— реклама —
— реклама —

„Заштитата на полското небо не е само обврска, туку и секојдневна мисија на нашите војници, кои со целосна посветеност ја чуваат безбедноста на земјата. Полските вооружени сили остануваат во постојана готовност да реагираат на секоја закана и да го заштитат суверенитетот на националниот воздушен простор“, се наведува во соопштението.

— реклама —

Инцидентот се случил во меѓународниот воздушен простор, а засега Кремљ не се огласил, ниту пак за настанот известиле руските државни медиуми.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryoatpbidk8ula5U72ytr

(Вознемирувачко видео) Автомобил удри девојче за време на директен пренос во Полска

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryh0j7lq01b4sfchf0xsO

42 секунди во полскиот воздушен простор: руски хеликоптер Ми-8 накратко ја преминал границата

Свет | пред 1 седмица

media-libraryal7tn11j3fht2MfVpaw

Узбуна во Полска: Воената авијација ставена во состојба на готовност

Свет | пред 2 седмици

donald-tusk

Туск предупреди: Русија веќе води хибридна војна против Полска

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања