Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Помилуваниот припадник на нарко-кланот „Барон“ доби обвинение за пукањето во Чаир

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
pukanje-cair

Помилуваниот Акиф Равманоски, за кого медиумите пишуваат дека е припадник на нарко кланот „Барон“, доби ново обвинение. Ова се однесува на пукањето пред зградата на Општина Чаир:

— реклама —

По спроведена истражна постапка и испитување на сите околности, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвиненија против вкупно четири лица за инцидентот кој се случи на 14.10.2024 година во близина на зградата на Општина Чаир, кога при пукање со огнено оружје – пиштол беше повредено едно лице.

Првообвинетиот се товари за – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1, второобвинетиот за – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 и Учество во тепачка од член 132 став 1, додека двајцата останати за кривично дело – Учество во тепачка од член 132 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Обезбедениот доказен материјал упатува на дејствијата на секој од обвинетите поединечно, при што првообвинетиот при тепачка неконтролирано испукал еден куршум со пиштол и нанел тешка телесна повреда – огнострелна рана во левата потколеница кај оштетениот, кој пак на обвинетиот му нанел расекотина во главата со остар предмет. Останатите тројца обвинети претходно ја започнале вербалната расправија и тепачка со оштетениот. Во текот на целиот инцидент и второобвинетиот неконтролирано замавнувал со пиштол и испукал еден куршум во непознат правец, предизвикувајќи со тоа значителна опасност по животот и телото на луѓето.

Првообвинетиот во времето на извршување на кривичното дело бил осудено лице кое користело поволности во установата каде ја извршува казната, па од тие причини уште при поведувањето на истрагата јавниот обвинител предложи да му биде определена мерка притвор. Со поднесувањето на обвинението предложено е продолжување на притворската мерка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0vobi9l4vm2abKJJoNO

(Видео) Преживеана жена сведочи како била давена во Челопек: Ме гушеше за да не викам, но не се давав

Настани | пред 3 дена

media-libraryc4njdlp79atp2skWkOm

„Две овци нацртани да му дајш да чуват, едната одма ќе му избегат“, остра критика за Советот на обвинители кој за сите даде позитивно мислење

Коментари | пред 6 дена

media-libraryitk0hbd9he31bwOhrmG

Казна за туѓо моторче: скопјанец раскажува за „Безбеден град“ и шест дена по шалтери

Македонија | пред 6 дена

media-library6b15u79sfgu8eZdKazH

(Фото) Запален камион кај Хиподром по судир со автомобил, сообраќајот во застој од Миладиновци

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања