Промени тема
Контакт

Поранешна членка на Pussy Riot: ФСБ ме уценуваше да шпионирам активисти и да намамам човек во Србија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Свет
media-libraryh66i1s7p14t40xNVJYV
Foto: Rita Flores/Instagram

Поранешната членка на рускиот феминистички панк-колектив Pussy Riot, Рита Флорес, тврди дека руската безбедносна служба ФСБ со уцени и закани ја принудила речиси три години да шпионира други активисти.

Таа тврди дека на крајот од неа било побарано да го намами опозицискиот активист Пјотр Верзилов во Србија, каде што, според планот што ѝ бил опишан, требало да биде киднапиран и убиен.

Флорес, чие вистинско име е Маргарита Коновалова, ја напуштила Русија во средината на август. Во првото интервју по бегството, за „Гардијан“ раскажала како двајца офицери на ФСБ ја регрутирале и со години ја држеле под надзор.

„Гардијан“ нагласува дека не можел независно да ги потврди сите детали од нејзиното сведоштво. Флорес првпат јавно ги изнела тврдењата кон крајот на август, во разговор со нејзиниот адвокат Дмитриј Захватов.

Флорес се поврзала со Pussy Riot во 2020 година, кога била приведена по перформанс во близина на Кремљ. Подоцна била апсена уште неколкупати, поминала низ неколку пократки престои во затвор, а полицијата ѝ го претресувала домот.

Притисокот, според неа, се засилил по почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година.

Таа тврди дека за време на еден претрес во февруари 2023 година, во нејзиниот стан останале двајца мажи кои се претставиле како офицери на ФСБ. Според неа, тие ѝ се заканиле со кривично гонење поради објава на Инстаграм во која ги критикувала руските убиства во Украина.

Флорес тврди дека ѝ кажале и дека можат да организираат убиство на нејзината мајка доколку одбие да соработува.

„Стравот ми беше преголем. Се грижев за моето семејство и за себе“, изјавила таа.

Според нејзиното сведоштво, под притисок потпишала документи за соработка, по што ѝ биле исплатени меѓу 30.000 и 40.000 рубљи. Нејзината задача била да собира информации за уметници и активисти кои се противат на властите во Кремљ.

Двајцата офицери станале нејзини постојани оперативци. Постариот, груб маж кој, според неа, се претставувал со различни имиња, го нарекла „Сако“, поради сјајното црно одело што го носел.

Помладиот оперативец, кого го именува како Иван, се обидувал да изгради пријателски однос со неа, додека постариот главно ѝ се заканувал и ја навредувал.

Флорес тврди дека Иван ѝ зборувал дека ФСБ ќе ја „превоспита“ за да ја засака Русија, да роди деца и да стане послушна сопруга.

— реклама —

Во исто време, според неа, со мирен тон ѝ повторувал дека ќе ја убие мајка ѝ или дека ќе ја пронајде и ликвидира доколку се обиде да побегне во странство.

Иако ѝ било забрането да зборува за соработката, Флорес тврди дека веднаш им кажала на дваесетина луѓе дека била регрутирана.

На активистите за кои морала да известува, не им ја кажувала вистината. Наместо тоа, вели дека намерно предизвикувала конфликти за да ги оддалечи од себе и да спречи тие да ѝ доверуваат чувствителни информации.

Во мај годинава, оперативците почнале да ја испрашуваат за Пјотр Верзилов, руски активист поврзан со Pussy Riot и коосновач на независниот медиум „Медиазона“.

Верзилов денес живее во Украина и се бори на украинска страна. Во 2018 година, германски лекари заклучиле дека најверојатно бил отруен, откако ненадејно му се слошило во Москва.

Флорес тврди дека ФСБ првично од неа барала да ја дознае неговата адреса во Украина. Потоа, според неа, ѝ наредиле да го искористи нивното старо пријателство и да договори средба во Србија.

— реклама —

Таму, според планот што ѝ бил опишан, требало да го чека група поврзана со ФСБ, која требало да го киднапира и убие.

За учеството во операцијата, Иван почнал да ѝ исплаќа по 50.000 рубљи месечно, тврди Флорес.

Во меѓувреме, таа се обидувала да најде начин да избега. Вели дека минатиот септември се омажила, делумно и за да може пред оперативците да тврди дека сопругот не ѝ дозволува да отпатува во Србија на средба со друг маж.

Флорес тврди дека оперативците претходно ѝ забраниле да ја напушта земјата и ја убедувале дека го контролираат секој нејзин чекор.

Дури откако стапила во контакт со адвокатот Дмитриј Захватов, сфатила дека сепак може да избега.

Захватов и Флорес тајно го подготвиле нејзиното заминување. Двајцата одбиваат да откријат детали за бегството, за да не ги загрозат методите кои во иднина би можеле да им помогнат на други луѓе кои се под притисок на ФСБ.

По напуштањето на Русија, Флорес јавно проговорила за своето искуство, со цел, како што вели, да ги охрабри другите луѓе кои биле присилно регрутирани да ја прекинат соработката.

— реклама —

Таа смета дека регрутирањето доушници меѓу активистите е широко распространета практика.

Меѓу активистите за кои Флорес известувала бил и рускиот уметник Павел Крисевич. Тој за „Медуза“ изјавил дека за нејзината соработка со ФСБ дознал дури од интервјуто.

Крисевич предупредил дека некои делови од нејзината приказна не се совпаѓаат со неговите сеќавања и дека нејзиното сведоштво не треба да се смета за „стопроцентен историски документ“.

Сепак, тој ја повикал јавноста да не ја стигматизира, нагласувајќи дека рускиот репресивен систем е создаден за да ги скрши луѓето преку притисок и закани.

Членката на Pussy Riot, Марија Алјохина, исто така ја поддржала Флорес. Таа нагласила дека, според информациите што Флорес ги предала, никој не завршил во затвор и никој не бил убиен, а важно е што таа успеала да избега и јавно да ги опише методите на ФСБ.

„За првпат по многу години чувствувам мир“, изјавила Флорес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryh6lpk7rjt4rkenrhsf3

Фицо: Некои западни политичари сакаат да предизвикаат војна меѓу Русија и НАТО

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-library68u9pom0ct157uZAABd

(Видео) Масовен напад врз Москва: Соборени 249 дронови, погодена нафтена рафинерија

Свет | пред 2 часа

media-libraryi41t2othk7fv2aCZOar

Над 40 отсто излезност по вториот ден од изборите во Русија

Свет | пред 3 часа

media-library7d31875pjk7ccA0FL8W

Украина подготвува нови напади врз Русија

Свет | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања