Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Поразително: Нови приведувања за семејно насилство – случаи во Кисела Вода, Карпош, Драчево и Шуто Оризари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Полицијата приведе повеќе лица во Скопје, Охрид и гостиварско по пријави за семејно насилство, закани и физички напади, информираат од Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Во Кисела Вода, утрото на 17 април, бил приведен 22-годишник од Скопје, кој според пријавата му упатувал закани на својот 64-годишен татко, а користел и нож. При преглед кај него биле пронајдени нож и дробилка со остатоци од марихуана.

Во друг случај, полицијата ја лишила од слобода 44-годишна скопјанка, која, според пријавата, му се заканувала на поранешниот сопруг и на нивните деца, при што во изминатиот период вршела и психичко и физичко насилство. Кај неа била пронајдена бела прашкаста материја.

— реклама —

Жена од Скопје пријавила дека била физички нападната од нејзиниот брат во семејниот дом во Шуто Оризари, додека 76-годишен маж од Драчево пријавил дека бил нападнат од својот син и ќерка по претходна расправија. Со нив бил извршен службен разговор.

— реклама —

Во Охрид, 46-годишен маж бил повикан на разговор по пријава од поранешната сопруга дека физички го напаѓал нивниот малолетен син за време на викендите кога бил кај него.

Дополнително, во гостиварско, полицијата привела лице кое упатувало закани кон својата поранешна партнерка и нејзиното семејство.

— реклама —

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите случаи, по што против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrpkbu6bfgsc01paNMhT

Електронски алки за следење на насилниците и отстранување од домот на 48 часа предвидуваат новите законски измени за заштита од семејно насилство

Македонија | пред 21 час

— реклама —
media-libraryq5u4hu2k7ibf5WxP36M

За 69 отсто зголемени пријавите за семејно насилство, речиси 1.900 случаи за десет месеци, меѓу жртвите и 100 деца

Македонија | пред 22 часа

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Осум случаи на семејно насилство за еден ден

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2024-05-30-at-08.55.22

„Ќе помогнеме Меланија и нејзиното семејство да бидат безбедни“ – Славјанка Петровска понуди помош за семејството од Куманово

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања