Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици, затворање на повеќе улици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
zagadeno-skopje-5

Министерството за внатрешни работи информира дека на 19 јануари 2026 година, понеделник, поради одбележувањето на празникот Богојавление – Водици, ќе биде воведен посебен режим на сообраќај на повеќе сообраќајници во Скопје.

— реклама —

Како што соопштија од МВР, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за временo затворање на одредени улици со цел непречено и безбедно одвивање на настаните поврзани со празникот.

— реклама —

Во централното градско подрачје, за сообраќај ќе биде затворена улицата „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ до крстосницата со улицата „11 Октомври“, и тоа во двете насоки.

Во општина Ѓорче Петров ќе бидат затворени повеќе сообраќајници, и тоа патот од црквата „Свети Петар и Павле“, булеварот „Партизански Одреди“ до улицата „Ѓорче Петров“, како и улицата „Ѓорче Петров“ до улицата „Васил Чакаларов“. Дополнително, за сообраќај ќе биде затворена и трасата од црквата „Свети Пантелејмон“, преку улицата „Козле“, дел од улицата „Васил Чакаларов“, до Железничкиот мост на реката Вардар.

— реклама —

Во општина Аеродром, сообраќајот ќе биде запрен на локалниот пат кој води кон населбите Горно и Долно Лисиче.

— реклама —

Од СВР Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат униформираните полициски службеници на терен, со цел одржување на јавниот ред и безбедност и избегнување на сообраќајни метежи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryd87p22ebs5ul3cqxLxS

Храброст на дело: Даниел Раевски влезе во Вардар за Водици и спаси човечки живот

Скопје | пред 5 месеци

— реклама —
media-librarytjmd08mro50v1U0as0M

Драма на Водици во Скопје: Двајца учесници извлечени од Вардар откако почнале да се дават

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryica78707p4eu73909iU

(Фотогалерија) Осветени водите на Охридското Езеро и Црн Дрим, Водици одбележани со силна порака за заедништво

Македонија | пред 5 месеци

media-library4cvqgu9hq1gn9exLeLO

(Видео) Скопје го одбележа Водици: Дарко Митровиќ најбрз до светиот крст

Настани | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања