Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Посебни обвинители ќе гонат сериозен криминал во Скопје: ова било потребно поради многу вакви предмети кои ги имаат од годинава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
DSC_0104

Во координација со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје донесе дополнување на Годишниот распоред за работа на јавните обвинители во тоа обвинителство, со кое формираше посебно одделение за сериозен и сложен криминал.

„Ова одделение ќе постапува по предмети за кривични дела за кои е пропишана казна доживотен затвор со поголем број обвинети и обем на докази, предмети во кои се спроведуваат финансиски истраги, сложени предмети со поголем број кривични дела, обвинети или обем на докази и предмети од исклучителен интерес на јавноста.

Со одделението формирано согласно член 15 и член 25 од Законот за јавното обвинителство ќе ракови јавниот обвинител во ОЈО Скопје Владимир Милошески, а покрај него се распоредени уште седум јавни обвинители од скопското обвинителство со повеќегодишно искуство во постапувањето против вакви кривични дела.

Потребата од организациска промена во работата на Основното јавно обвинителство Скопје и формирањето на новото одделение се наметна поради забележаните состојби и приливот на предмети во текот на 2024 година, кои опфаќаат сериозни и сложени облици на криминал изразени преку неколку индикатори:

— реклама —

– Измените на Кривичниот законик, особено во однос на кривичното дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353, предизвикаа промени во однос на стварната надлежност на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поради што голем дел од предметите во претходна постапка за член 353 став 5 од КЗ се доставуваат на стварна и месна надлежност на ОЈО Скопје.

— реклама —

– Понатаму, земена е предвид измената на членот 98-а за проширена конфискација во истиот закон, што бара поинаква внатрешно – институционална поставеност и зголемен ангажман на јавните обвинители уште во предистражна постапка, заради навремени финансиски истраги

– При тековното предметно работење и следење на состојбите по однос на криминалитетот, забележани се облици на сериозен и сложен криминалитет, првенствено поврзани со кривични дела против животот и телото, кривични дела против здравјето на луѓето, кривични дела против службената должност и кривични дела против јавните финансии на територијата под надлежност на ОЈО Скопје. Главна одлика кај овие кривични дела е голем број инволвирани лица и правни субјекти, сложеност на дејствијата кои треба да се испитаат и утврдат и воедно да се детектираат во целина настапените штетни последици како законско обележје на кривичните дела. Имајќи предвид дека сторителите се почесто користат разни механизми за прикривање и на кривично – правните дејствија и на непосредната и посредната противправна имотна корист од казнивите поведенија, тоа ја усложнува истражувачката активност и бара дополнителни познавања и посебна посветеност на јавните обвинители за истражување и гонење на овие облици на криминал.

— реклама —

– Одделението со квалитативен и квантитативен капацитет за гонење на сериозен и сложен криминал треба да даде соодветен стимул и на правосудната полиција во нејзината откривачка функција, како и на сопствените истражителски капацитети во истражниот центар, преку ефективно насочување на дејствијата и мерките во предистражна постапка.

Крајната цел на новоформираното одделение е адекватна кривично – правна заштита на граѓаните и ефикасен институционален одговор на сложените облици на кривични дела“, вели Обвинителството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynrr78uj11n3e5s1L3vA

Му се заканил дека ќе му ја укинат социјалната помош, па му зимал дел од парите: детали за случајот со поткуп во АВРСМ Прилеп

Македонија | пред 1 седмица

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-40-1670PM

Вработените во обвинителствата: Новиот закон не носи реформи, туку ги задржува старите слабости

Македонија | пред 1 месец

eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-39-9960PM

Вработените во обвинителствата бараат измени: Законот не ја гарантира самостојноста на системот

Македонија | пред 1 месец

policija-ubistvo-pishtol

Чекале во грмушки со пиштоли, па пукале во возило: детали за обидот за убиство во скопско Шишево

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања