Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Постигнат договор за откупната цена на ајварската пиперка“, вели Серафимовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarym6afk8huu2aqcdftk8d

Договор за откупната цена на ајварската пиперка е постигнат меѓу земјоделците, откупувачите и преработувачите, соопшти денеска од Струмица министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски.

— реклама —

Според договореното, од утре пиперката ќе се откупува по 40 денари за прва класа, 30 денари за прва-втора и индустриска класа, додека за најниската класа цената ќе изнесува 15 денари.

— реклама —

Серафимовски информираше дека договорот е постигнат по повеќедневни разговори со земјоделците, откупувачите и преработувачите, со вклученост и на Македонската асоцијација на преработувачи.

Тој ги повика откупувачите и преработувачите доследно да ги почитуваат договорените цени и правилно да ја класифицираат пиперката, а земјоделците навремено и правилно да го предаваат родот.

— реклама —

Министерот најави дека во октомври и ноември ќе продолжат разговорите со сите засегнати страни за воспоставување трајни решенија, вклучително и единствена методологија за класификација, прецизни рокови за исплата и поголема сигурност за земјоделците.

— реклама —

„Овие состојби не треба да се повторуваат секоја година. Потребни се законски и системски решенија со кои земјоделците ќе имаат сигурност во производството, откупот и исплатата“, истакна Серафимовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb6r8n55fcgkk2tV24zH

(Видео) Серафимовски: Инвестираме 25 милиони евра во „Страиште“ за современо наводнување на 1.500 хектари во валандовскиот регион

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryn67khb6oqkqceBl6InI

Над 420 денари за килограм: Се очекува повисока просечна откупна цена на тутунот

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryo6fboo6r52q11VhH6Nu

Серафимовски: Охридското Езеро порибено со 6,5 тони пастрмка, годишниот план е надминат за 1,6 тони

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryn67khb6oqkqceBl6InI

До 360.000 денари поддршка за жените земјоделки и 100.000 денари надоместок за мајчинство, најави Серафимовски

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања