Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Повеќе од 26.000 молњи удрија во јужна Британија во текот на ноќта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
grom

Делови од јужна Велика Британија во текот на ноќта беа погодени од околу 26.000 удари од молњи, додека земјата се соочува со интензивен топлотен бран и предупредувања за екстремно високи температури.

Според метеоролошките податоци, во одредени делови на земјата е регистрирана првата тропска ноќ во јуни, при што температурите не се спуштиле под 20 степени Целзиусови, пренесува „Скај њуз“.

— реклама —

Топол и влажен воздух пристигнал од европскиот континент, каде што во Франција веќе се соборени одредени јунски температурни рекорди.

Метеоролозите предупредуваат дека во текот на неделава во Велика Британија би можеле да бидат надминати досегашните рекорди за месец јуни, а не се исклучува можноста температурите да надминат и 40 степени Целзиусови.

— реклама —

Поради комбинацијата од високи температури и голема влажност на воздухот, издадени се црвени и жолти предупредувања за екстремни горештини.

— реклама —

Невремето проследено со грмежи предизвика нарушувања во сообраќајот и снабдувањето со електрична енергија. Аеродромот во Бристол привремено беше затворен поради дефект во системите за контрола на воздушниот сообраќај, додека стотици домаќинства во Гластонбери останаа без електрична енергија.

Противпожарните служби соопштија дека удар од молња најверојатно предизвикал пожар во куќа во Емерсонс Грин. Пожарот бил ставен под контрола по неколку часа, а нема информации за повредени лица.

Поради најавените екстремно високи температури, повеќе училишта во Англија и Велс најавија привремено затворање или скратување на наставата. Дел од образовните установи ќе работат само до пладне, а Националното здружение на директори на училишта им доставило насоки на своите членови за постапување за време на топлотниот бран.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhsd4j422rdm05gRemPR

Аларм во британското воено воздухопловство: непознати објекти поминувале покрај воени авиони

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryiab2fgsn71ic21PI55B

(Видео) Прескокнал заштитна ограда во британска зоолошка градина и влегол кај тигарот, кој го убил

Свет | пред 1 седмица

britanska-policija-2

Британец опседнат со Декстер изградил „соба за убивање“. Брутално убил девојка

Свет | пред 2 седмици

media-librarya3ddfqqcp9p56SYMzE5

Британскиот премиер Бурнам: Велика Британија треба да размисли и за враќање во ЕУ

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања