Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

„Повраќаа црно, пак ја ставаа маицата преку устата и носот и се враќаа да помагаат, а беа во многу лоша состојба“, гостинка сведочи за обезбедувањето на „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryldqcnsq4pt6tbH4sBCx
Скопје1.мк

21-годишната Мартина Ристевска, која кобната вечер била во дискотеката „Пулс“ во Кочани, рече дека им е благодарна на обезбедувачите, меѓу кои ги спомена Лазар и Столе, дека ѝ го спасиле животот, дека ги жртвувале своите животи за да спасат што повеќе луѓе.

— реклама —

Настана голема гужва, не се ни сеќавам како стигнав до вратата. Надвор беа Лазо и Столе и ми подадоа рака. Имаше многу луѓе паднати врз мене, ме извлекоа, па извлекуваа и други. Ме тргнаа настрана. Се најдов со двете другарки, и тие беа сигурни, па почнавме да помагаме на другите, да носиме вода и да се јавуваме на телефони, да кажеме што се случило. Членовите на обезбедувањето околу мене, видов дека помагаат на сите, иако беа во многу лоша состојба, повраќаа црно, им пружаа помош на сите – пак ја ставаа маицата преку устата и носот и се враќаа да помагаат, а беа навистина во многу лоша состојба – рече Ристевска.

— реклама —
— реклама —

Го жртвуваа своето здравје за да спасат повеќе животи и јас засекогаш им сум благодарна. А и другите што ги спасија им се благодарни. Ќе имаше многу повеќе жртви ако не беа тие – рече девојката.

media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Судечкиот совет одби спојување на предметите за „Пулс“

Aдвокати на обвинетите во судењето за случајот „Пулс“ побараа спојување на предметот за трагедијата во Кочани, со предметот против 13-те полициски службеници што се обвинети за исто кривично дело.Судечкиот совет донесе одлука да не го прифати барањето и да продолжи со предметот во кој им се суди на 35 физички и три правни лица.Како што образложи судот, имајќи ја предвид фазата во која се наоѓа оваа постапка – односно дека е во фаза на доказна постапка – како и другите три постапки поднесени од О

Македонија | пред 7 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

IMG_5515

Родителите на жртвите од „Пулс“: Обвинителството откри сериозни противречности во исказот на вештакот Русевски

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryldqcnsq4pt6tbH4sBCx

Вештакот на одбраната за „Пулс“ тврди дека објектот ги исполнувал основните минимални технички услови за угостителска дејност – кабаре

Македонија | пред 5 дена

media-libraryf0u7vqq2ekmj8jMmxJn

Двајца или тројца луѓе биле потребни за да се извлече едно лице од дискотеката, сведочеше пожарникар за трагедијата во „Пулс“

Македонија | пред 1 седмица

IMG_5515

„И Бурџ Калифа ќе испадне занаетчиска работа!“ – родителите на загинатите во „Пулс“ револтирани од вештачењето претставено во судот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања