Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Пожарот во Кочани – трагичен симбол на корупцијата и институционалниот распад, според „Барометарот на корупцијата 2025“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Македонија
Screenshot-2025-03-16-at-06.46.55

Транспаренси Интернешнл-Македонија продолжува да ја спроведува редовната месечна активност за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, што ја нарековме „Бистро-Матно“. Следењето на овие случаи има голем одзив, како во јавноста, така и меѓу домашните и странските чинители и со текот на времето прерасна во релевантен показател на корупцијата и на волјата на државата да се справува со овој проблем. На овој начин, сите заедно придонесуваме за поголема свест за овој проблем во општеството во целина, велат од Транспаренси Интернешнл Македонија.

— реклама —

„Овој годишен Извештај е преглед на сите дванаесет изданија на „Бистро-Матно“ коишто беа објавени во изминатата 2025 година.

Во изминатата година со сигурност можеме да кажеме дека ја обележа катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани и сите понатамошни коруптивни случувања кои беа откриени како последица од истиот. Институционални пропусти, затајување на системот за превенција како и недостаток на колективна свест за сериозноста на последиците кои се предизвикани од корупција, почнувајќи од најниските слоеви во државната управа. Отворањето на истрагата како и поднесувањето на обвинението беше спроведено во предвидениот законски рок, но „ќе се кршат копјата“ во потрага на правдата во судската постапка која ни претстои.

— реклама —

Случувањата во Државната Комисија за спречување на корупција со поднесувањето на обвинение на тогашната Претседателка поради оддавање на службени тајни го иницира прашањето на кредибилитетот на институцијата.

Не остана незабележано и поднесувањето на обвинението за предметот „Онкологија“ којшто во јавноста иницира сомнеж во функционирањето на целокупниот здравствен систем во нашата држава. Областа од здравствениот систем годинава уште еднаш беше во центар на случувања кога Комисија од страна на Министерствот за здравство откри дека од вкупно 19 случаи на кардиохируршки зафати што биле разгледани, речиси половина биле оценети како непотребни. Реакцијата на здравствените власти доаѓа по претходни укажувања  дека во приватни клиники се прават непотребни операции за профит.

Од исклучително значење е да се спомене дека ниту во изминатата година не беше донесен новиот Кривичен Законик којшто долго се очекува. Скандалозните измени на Кривичниот Законик кои беа донесени во 2023 година предизвикаа сериозна штета во високопрофилираните коруптивни истраги и судски предмети којашто продолжува да се продлабочува со неносењето на нов КЗ.

Очекувано и од значење е да се спомене дека во скоро секое издание на „Бистро-Матно“ беа забележани настани, односно извршени ревизии објавени од страна на Државниот Завод за Ревизија. Неповолни ревизии и утврдени системски слабости во функционирањето на институциите.

На штета на граѓаните, а поради немање на политичка воља институцијата Народен Правобранител која треба да се грижи за уставните и законските права на граѓаните останува “обезглавена“. Загрижувачки и некоректно е ваквиот однос спрема институција чија главна задача и е заштита на човековите слободи и права, а воедно е и механизам за надзор и следење на законитото работење на институциите.

Од овогодинешниот преглед на настани се забележуваат повеќе случувања со давање или примање на поткуп како: Истражна постапка за поранешниот Дирекот на Службата за општи и заеднички работи на Владата на РСМ; побарано мито за дозвола за проект за градење на апартмани во Маврово и Ростуше како и мито за изготвување на документација за наводни прегледи, контрола и извештаи за издавање инвалидска пензија и туѓа нега за лице; Поткупот на директорот на Геријатрија за да смести неподвижно лице и Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој и Поранешниот државен правобранител кој примил 50.000 евра за да влијае врз судија во апелацискиот суд.

Иако во сенка од таканаречените матни настани не изостанаа и бистрите настани.

Во духот на минатогодинешниот Индекс на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл кој ја нагласува потребата за итна акција против корупцијата и предупредување за критична глобална пречка за спроведување на успешни мерки за заштита на климата и климатските промени, во текот на изминатата година кај нас особено активни и гласни беа граѓанските организации кои делуваат во областа на заштитата на животната средина, климатските промени и глобалното затоплување, придонесувајќи кон зголемена јавна свест и опшествен дијалог по овие прашања. Ваквите активности придонесоа со донесување одлука на Советот на Град Скопје за дислокација на еден од најголемите загадувачи на Скопје цементарница „Усје“ по предлог на „Зелен хуман град“.

Позитивен потег е и воведувањето на софтверски систем од страна на Управниот суд да воспостави дигитална врска со сите јавни институции како и со Вишиот Управен суд, со што директно се влијае на поефикасно и побрзо функционирање на судскиот систем.

За крај како еден од бистрите настани е посветен на младите. Седум млади студенти од Македонија се автори на едукативна електронска игра „Сива зона“, наменета за средношколци, чија цел е да ја подигне свеста за корупцијата и последиците од неетичките одлуки“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryttoqrmutntte89lHvfw

(Видео) Кочани со тишина и 40 бели балони им оддаде почит на жртвите од Кран-Монтана

Настани | пред 1 седмица

kocani-puls-protest-8

Од Кочани до Кран-Монтана: Свеќи и тишина наместо марш

Македонија | пред 1 седмица

media-library4097e5t1147h6PuE8ww

Родителите на дел од загинатите во „Пулс“: Спомен-обележјето не е за оплакување, туку за почит и сеќавање кон децата

Македонија | пред 2 седмици

karticki

Провалил во Центар за дијализа и украл картички, со помошник подигнал 40.300 денари

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања