Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

(Видео) Пожарот во Радовиш под контрола: Неколку пожарникари вдишале чад и се здобиле со полесни изгореници во пожарот во Радовиш

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
media-library0m0oquh2va851PzSZ7c

Пожарот што избувна во објект на поранешната фабрика „Декор Текс“ во Радовиш е ставен под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи.

„Неофицијално дознаваме дека пожарот е ставен под контрола, но сè уште на терен се сите противпожарни возила. Се очекува целосно да биде локализиран“, соопштија од Центарот за управување со кризи.

— реклама —

Во гаснењето на пожарот интервенирале сите екипи од Територијалната противпожарна единица Радовиш, а на помош пристигнале и пожарникари од Струмица, како и Доброволното противпожарно друштво од Конче.

— реклама —

Претходно беше објавено дека огнот зафатил магацински простор во поранешната текстилна фабрика, каде имало производствен погон, машини и големо количество запалив материјал.

„За неполни три минути од пријавата за пожар нашата екипа излезе на терен. Веднаш беа мобилизирани сите пожарникари“, соопштија од противпожарната единица во Радовиш.

— реклама —
— реклама —

Според последните информации, неколку пожарникари вдишале поголема количина чад и се здобиле со полесни изгореници, но засега нема информации за потешко повредени лица.

Причините за избувнувањето на пожарот дополнително ќе се утврдуваат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryisjjiuquqadp1LZJaat

Повторно запалено градското ѓубриште во Радовиш, сомнежи за подметнат пожар

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryd0r9lastuq4p5thrLxP

(Видео) Пет нови жаришта на радовишката депонија, претпријатието се сомнева во намерно палење

Настани | пред 3 седмици

media-libraryvdp9dn6gkjj0eboMVON

(Фото) Пожарникарите од Радовиш со драматична борба го изгаснаа пожарот во поранешен „Декортекс“

Македонија | пред 4 седмици

media-library518u5596bhoo2YSw0uK

(Видео) Голем пожар во Радовиш, гори поранешна фабрика

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања