Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Пожар во Буковиќ и Раовиќ, огнот кај Белица под контрола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarym0gbv2rrvv9efdulnPo
Илустрација

Три пожари на отворен простор се регистрирани во Македонија до 13 часот денеска, од кои еден сè уште е активен, еден е ставен под контрола, а еден е целосно изгаснат, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

— реклама —

Активниот пожар е регистриран на територијата на Општина Сарај, каде што гори ниска вегетација во атарите на селата Буковиќ и Раовиќ.

— реклама —

Пожарот кој е под контрола се наоѓа на територијата на Општините Македонски Брод и Сопиште. Огнот избувнал кај селото Белица, во месноста Кајорец, на територијата на Македонски Брод, а потоа се проширил кон Јасен, во Општина Сопиште. Зафатени се нискостеблеста и мешана шума.

— реклама —

Во меѓувреме, изгаснат е пожарот што бил пријавен на територијата на Општина Босилово, во селата Еднокуќево и Моноспитово, каде што горела ниска вегетација.

Од ЦУК информираат дека податоците се однесуваат на состојбата со пожарите на отворен простор до 13 часот на 16 септември 2026 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Четири активни пожари во Македонија, два се под контрола

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања