Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Пожарите не стивнуваат: три активни огништа, четири под контрола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library80ut1svb25vc0HZ0iWD
unsplash

Вкупно 31 пожар на отворен простор биле регистрирани во земјава во периодот од 25 до 26 август, до 7:30 часот, информира Центарот за управување со кризи. Од нив, три пожари се активни, четири се под контрола, а 24 се целосно изгаснати.

Активни се пожарите на подрачјето на општините Студеничани и Зелениково, каде огнот зафатил мешана шума на потегот од Моране, преку Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград, како и над Вражале.

— реклама —

Пожар е активен и на подрачјето меѓу општините Гостивар и Македонски Брод. Огнот се движи од селото Трново кон Битово и Заград, при што се зафатени нискостеблеста шума, ниска вегетација и папрат.

— реклама —

Третиот активен пожар е регистриран во општина Чашка, над селото Нежилово, во месноста Сватови, каде гори смрека.

Под контрола се четири пожари. Во општина Кичево гори високостеблеста букова шума кај селото Тајмиште, во месноста Дарда. Пожар има и меѓу резерватот „Јасен“ и селото Брезница во Македонски Брод, каде се зафатени ниска вегетација и борова шума.

— реклама —

Под контрола е и пожарот на градската депонија „Мелци“ во Кавадарци, како и пожарот на депонијата во Делчево.

— реклама —

Во текот на изминатото деноноќие се изгаснати уште 24 пожари, меѓу кои и пожари во шуми, стрништа, депонии и ниска вегетација во повеќе општини низ земјава.

Пожари биле регистрирани во Сарај, Гази Баба, Чучер-Сандево, Арачиново, Петровец, Илинден, Прилеп, Струмица, Кичево, Струга, Градско, Чашка, Виница, Делчево, Пробиштип, Куманово, Теарце и Гостивар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuejkus7f7odsdN2DEB5

ЦУК со апел: Бројот 112 користете го само за итни случаи

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 4 седмици

media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања