Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Пожарите во Македонија не стивнуваат: Активни огнови во Студеничани, Македонски Брод, Велес и Јегуновце

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs
unsplash

Според информацијата од Центарот за управување со кризи, до 13 часот денеска на територијата на државата се регистрирани девет пожари на отворен простор, од кои четири се активни, три се под контрола, а два се целосно изгаснати.

— реклама —

Активни се пожарите во Општина Студеничани, каде огнот се движи на релација Моране – Вртекица – Рамни Габер и зафаќа мешана шума.

Активен пожар има и во Општина Македонски Брод, на местото Видуш, кај селата Драгов Дол и Локвица, каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.

— реклама —

Пожарот на територијата на Велес се проширил и кон Општина Зелениково. Огнот започнал кај селото С'лп, во местото Горно Село, а потоа се проширил кон селата Добрино и Тисовица. Зафатени се ниска вегетација, дабова и габерова шума.

— реклама —

Активен е и пожарот кој се шири од селата Копанце и Туденце во Општина Јегуновце кон селото Бојане во Општина Сарај. Гори мешана шума.

Под контрола се пожарите кај селата Алданци и Норово во Крушево, кај селото Конопница во Крива Паланка и на потегот Борино – Житоше во Крушево.

— реклама —

Во текот на денот изгаснати се два пожари – кај дивата депонија во селото Пагаруша во Студеничани и кај православните гробишта во Охрид, каде гореле дрва.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuejkus7f7odsdN2DEB5

ЦУК со апел: Бројот 112 користете го само за итни случаи

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 4 седмици

media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања