Промени тема
Контакт

Пожарот на Пелистер не стивнува: Повреден возач на булдожер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarypnb1nij94pe0eXRuIRn

Пожарот што избувна од преспанската страна на Пелистер и се движи кон Националниот парк „Пелистер“ и понатаму е најтежок и најкомплексен за гасење во земјава, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Во гаснењето на пожарот се вклучени копнени сили, механизација, ер-трактори на ДЗС и армиски хеликоптер. Во текот на утрото хеликоптерот со прецизно фрлање вода успеал да изгасне неколку критични точки, но со затоплувањето повторно се активирале горливи точки и чад се појавил на повеќе позиции.

— реклама —

На терен дејствуваат пожарникари од Битола и Ресен, огнени тимови на ДЗС, доброволни пожарникари и механизација. Со булдожери е направена и противпожарна пресека над боровите со цел да се спречи понатамошното ширење на огнената линија.

Ангелов информираше и за повредата на лице ангажирано во гаснењето на пожарот. Станува збор за возач на булдожер, а не за пожарникар.

— реклама —

„Возачот при скок од булдожерот ги повредил ребрата. Според информациите, најверојатно станува збор за напукнати ребра, но нема скршени ребра. Тој е згрижен во болница и се чувствува добро“, вели Ангелов.

— реклама —

Ангелов нагласи дека станува збор за недоразбирање во информациите што се појавиле во јавноста и категорично демантираше дека има повредени пожарникари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys5ciff3p4t1c2QRqN3k

По 72 часа пожарот на Пелистер е ставен под контрола

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarys5ciff3p4t1c2QRqN3k

Пожарот на Пелистер под контрола од ресенска страна: Сите сили здружени против огнот

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Пожарот на Пелистер под контрола, во гаснењето се вклучија и хеликоптери

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryi2qloqlght2uc5eo5t3

Спасено повреденото лице на Пелистер: Со скршеници на двете нозе било извлечено од непристапен терен

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања