Промени тема
Контакт

Пожарот на Пелистер под контрола од ресенска страна: Сите сили здружени против огнот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarys5ciff3p4t1c2QRqN3k

Големите ангажирања на противпожарните екипи, вработените во Националниот парк и локалното население придонесоа пожарот на Пелистер, од ресенска страна, да биде ставен под контрола, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Од ДЗС објавија фотографии и видеоснимки, дел од нив направени и од воздух, на кои се прикажани активностите на огнените тимови на ДЗС, како и на професионалните и доброволните противпожарни сили кои учествуваа во справувањето со огнената стихија.

„Сите заедно, со вработените од Националниот парк и со локалните жители, со големи ангажирања го спречија пожарот да се проширува“, наведуваат од ДЗС.

— реклама —

Поради слабата интернет-врска, информациите и снимките пристигнувале отежнато, но од ДЗС велат дека првата порака била јасна – „Пелистер, ресенска страна“, а потоа пристигнала и веста која носи олеснување.

— реклама —

Дејан Спасевски од ДЗС, во кратката порака што ја придружувала снимката од дрон, порачал: „Уште овој дел, ама под контрола е“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn0rdqvs0jht6a4x0zIJ

Првиот ден од есента донесе снег на Пелистер

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-librarys5ciff3p4t1c2QRqN3k

По 72 часа пожарот на Пелистер е ставен под контрола

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Пожарот на Пелистер под контрола, во гаснењето се вклучија и хеликоптери

Македонија | пред 3 седмици

media-librarypnb1nij94pe0eXRuIRn

Пожарот на Пелистер не стивнува: Повреден возач на булдожер

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања